8 совети за безбедност доколку ова лето одите на соло авантура


8 совети за безбедност доколку ова лето одите на соло авантура

Соло патувањето е нешто што секој треба да го искуси барем еднаш. Сепак, важно е пред да заминете да истражувате и да бидете што е можно поподготвени. 

8-soveti-za-bezbednost-dokolku-ova-leto-odite-na-solo-avantura-01.jpg

Иако соло патувањето е неверојатно искуство, постојат некои нешта што треба да ги имате на ум кога истражувате сами.

Па, доколку ова лето собравте доволно храброст за да патувате сами, не ги заборавајте овие совети за безбедност:

Однесувајте се како да припаѓате во околината 

Постојат многу причини зошто туристите се мета на криминалците, особено оние кои патуваат сами. Доколку одите некаде без друштво, обидете се да се однесувате како локален жител.

На пример, однапред најдете како да стигнете до некоја дестинација, не правете премногу фотографии и немојте да бидете личноста која среде улица гледа во мапа.

8-soveti-za-bezbednost-dokolku-ova-leto-odite-na-solo-avantura-003.jpg

Кажете му на семејството каде сте

Осигурете се дека барем една личност знае кога патувате и каде отседнувате. Секогаш треба да има некој кој ќе може да ве најде, или барем ќе знае од каде да почне.

Секогаш праќајте ја адресата на вашиот хотел и слушајте се со оваа личност барем еднаш дневно. На овој начин личноста ќе знае дека сте безбедни и ќе може да ве побара во итен случај.

8-soveti-za-bezbednost-dokolku-ova-leto-odite-na-solo-avantura-004.jpg

Избегнувајте ги непознатите места навечер

Доколку местото не ви е добро познато, обидете се да се движите таму каде што е побезбедно. Односно, на места со повеќе луѓе, врева и светлина.

Доколу местото ви изгледа напуштено или нема никаква активност, тргнете се понастрана. Вашата безбедност е приоритет, па немојте да одите на непознати места со малку луѓе.

Понесете блокирач за врата

Можеби хотелската соба има брава, но ќе се чувствувате многу побезбедно доколку дополнително ја блокирате вашата врата. Ова е особено важно доколку сте нашле сместување онлајн.

8-soveti-za-bezbednost-dokolku-ova-leto-odite-na-solo-avantura-02.jpg

Внимавајте на кого ќе кажете дека патувате сами

Колку и да не сакате да си признаете, секогаш постојат луѓе со лоши намери. А луѓето со лоши намери секогаш бараат лесна мета. Доколку запознаете некој или само разговарате, немојте да го изнесувате фактот дека патувате сами.

Понесете пари за итни случаи

Постојат продавници што не прифаќаат картички, па секогаш е добра идеја да имате нешто повеќе пари за итни случаи. Покрај тоа, никогаш не знаете каде нема да ви ја прифатат картичката.

 Веројатно знаете барем една личност што го изгубила паричникот за време на патување, па доколку се најдете во ваква ситуација, вишокот пари ќе ви се најдат. Се разбира, секогаш чувајте ги на друго место.

Исто така добро е да ги фотографирате вашите важни документи, како пасош и лична карта.

Добро запознајте се со хотелот

Дури и ако сте само на кратка посета, секогаш добро прочуете го хотелот. Распрашајте се за сите излези и излези во случај на пожар. Никогаш не е лошо да бидете екстра подготвени.

8-soveti-za-bezbednost-dokolku-ova-leto-odite-na-solo-avantura-03.jpg

Верувајте му на вашиот инстинкт

Понекогаш, вашиот инстинкт ви е најдоброто оружје. Доколку нешто ви кажува дека има проблем, немојте да го занемарите тоа. Верувајте им на инстинктите и напуштете го местото.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои се предностите на соло патувањето? Дали некогаш сте помислиле да одите на соло патување? Можеби ви звучи страшно, н...
20 фото причини да го посетите Париз во есен Ако и вие имате впечаток дека периодов многумина го посетија Париз, време е да г...
Места низ светот каде може да уживате во пролетна глетка со расцутани ... Полиња со лалиња, рози и лаванди – има ли поубава глетка во пролет од оваа? П...