10 работи за кои нашите родители беа во право

Колку и да не се согласуваме во моментот кога ни зборуваат, по некое време сфаќаме колку биле во право. Родителите навистина се оние кои ни мислат најдобро и кои сакаат да нè заштитат со своите совети, поради искуството кое го имаат и сакаат да ни го пренесат.

10-raboti-za-koi-roditelite-bea-vo-pravo-01

1. Прво треба да ја завршувате домашната работа

Она што како деца треба да го напишете за домашна задача, понатаму станува писмо кое треба да го испратите, за на крајот да стане работа која ја работите. Пишувањето на домашната задача пред сè друго, значи подредување на приоритетите и завршување на работата на време.

2. Неопходно е да јадеме зеленчук

Детскиот организам нема да го имате вечно, па пожелно е додека тој се развива да внесувате здрава и богата храна. Зеленчукот е неопходен. Она што навидум не ви изгледа вкусно, подоцна сфаќате дека е главна состојка за многу вкусни јадења. Во крајна линија, некои зеленчуци не мора да ги јадете, но може да ги изматите како шејк со кој ќе ги внесете потребните витамини.

3. Десертот мора да биде подготвен со многу љубов

Како деца сметате дека чоколадите од продавница се најубави, но како растете и станувате возрасни кои можат во секое време да си дозволат чоколадо од продавница, сфаќате дека тоа не ни прави толку големо задоволство, како роденденската торта, колачињата на баба или слатките подготвени за празниците.

4. Секогаш купувајте универзално и на попуст

Купувањето универзална облека и на попуст ве учи дека не е секогаш најважна модата која е моментална ниту цената која за неколку месеци ќе биде пет пати пониска. Кога ќе заработувате свои пари, ќе сфатите што ви зборувале родителите и дека навистина она што го носите треба да ви трае и убаво да ви стои. А сите парчиња облека кои се во моментот тренди може да ги имате за многу помалку пари само неколку месеци подоцна.

5. Секогаш кажувајте „ве молам“ и „благодарам“

Иако постојано ви велеа да не зборувате со непознати, сепак ве советуваа дека секогаш треба да бидете љубезни и учтиви без разлика на околностите. Од искуствата во комуникацијата кои ќе ги имате ќе сфатите дека љубезноста може да ви отвори многу врати.

10-raboti-za-koi-roditelite-bea-vo-pravo-2

6. Ќе дојде време кога браќата и сестрите ќе ви бидат најдобри пријатели

Иако како мали сигурно постојано се карате и се лутите, мислите дека веднаш би ги замениле, како што растете сè повеќе ви се потребни и се едни од најзначајните личности во вашиот живот за кој би направиле сè.

7. Треба да се грижите за оние на кои им е потребна вашата помош

Без разлика дали се ваши роднини, пријатели или само познаници ако видите дека се во некоја неволја треба да ја понудите својата помош или да покажете грижа. Тоа го прават и родителите кога прашуваат за вашите пријатели кои не се нивна грижа, но сакаат да помогнат во нешто доколку можат или да бидат во тек со она што се случува и кое ве загрижува.

8. Скршеното срце поминува и ќе најдете нешто подобро

Фразата дека оние кои се вредни за твоите солзи нема да дозволат да заплачеш е често споменувана, но многу точна. Тоа што како тинејџери сте се заљубиле во погрешна личност која ви го скршила срцето или ве разочарала не значи дека е крај на светот. Кога ќе ја запознаете вистинската личност, ќе заборавите на сите минати болки.

9. Некогаш треба да се обидете да направите нешто сами , но дозволено е да побарате помош

Не треба цел живот да чекате дека некој ќе ви ги сервира работите што ги сакате. Понекогаш треба да преземете иницијатива и да почнете нешто сами, но родителите се секогаш тука за да ви помогнат ако е неопходно. Важно е да се обидете.

10. Понекогаш е важно да ги ставите другите на прво место

Без разлика дали се тоа луѓе од семејството, пријателите и соработниците, понекогаш треба да им дадете приоритет за да знаете дали се среќни оние кои се околу вас. Така се создава позитивна комуникација во вашата околина. Колку се тие посреќни, толку повеќе може да влијаат и на вашата среќа.

10-raboti-za-koi-roditelite-bea-vo-pravo-1

Би можело да ве интересира:

9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
Не е важно дали сте го загубиле бебето во 6-ата или 20-тата недела – вашата загуба е тешка Без разлика дали претходно не сте имале деца. Без разлика дали веќе имате дете. ...
Хрватски психолог советува: „Родителите што премногу им угодуваат на децата се токсични, какви после... И родителите од кои децата се плашат, и оние родители кои се плашат да не ги воз...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Колку вода треба да пиете додека доите за да спречите дехидрирање? Колку вода треба да пиеме додека доиме? Дали сме испиле премногу или премалку те...
Како да го намалите времето поминато пред екран кај вашите деца? Лето-зима, приказната е иста, си доаѓате дома, а вашето дете уште не влезено дом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg