За ова не треба да се молчи! Победете го стравот и преземете чекор!

Сте се нашле во ситуација кога ви е тешко и нема кому да се обратите? Кога со денови немате јадено или не се враќате дома, а тоа никој не го забележува и никој не ве бара?

za-ova-ne-treba-da-se-molci-pobedete-go-stravot-i-prezemete-cekor-01

Можеби сте се нашле и во ситуација кога сте омаловажени, понижени и навредени, но немате храброст да се спротивставите.

Се плашите дека може да ви се случи нешто полошо. Некој можеби ве малтретира физички или сексуално, ве казнува за вашата непослушност и вие ја преземате цела вина и молчите.

Престанете веднаш! За некои работи не треба да се молчи по ниедна цена. Ако се чувствувате лошо, тогаш нема потреба да се плашите да не биде полошо.

Единствено што треба да направите е да се обратите некому кому верувате или на некој од бесплатните телефони за помош. Не може да ви биде полошо од она што го трпите, може да биде само подобро.

Никој не заслужува да биде злоупотребуван, но се случува и тоа во различни форми и на различни начини.

Дознајте кои се типовите на злоупотреба и што да направите ако тоа го препознаете.

za-ova-ne-treba-da-se-molci-pobedete-go-stravot-i-prezemete-cekor-1

Постојат 4 основни вида на злоупотреба:

Занемарување: „Секој ден се враќам од училиште затекнувам празна куќа и празен фрижидер. Никој не забележува дали одам во училиште или не“. 

Ова е најчест облик на злоупотреба. Се случува кога нашата основна потреба за храна, облека и топлина не е задоволена на соодветен начин.

Физичка злоупотреба: „Секогаш носам долги ракави за да ги скријам модринките. Кажувам дека сум болен/на и не одам на физичко, бидејќи не знам што може да се случи ако некој дознае што ми се случило“.

Ова е злоупотреба кога некој физички ве повредува, казнува, удира или на некој друг начин ви нанесува телесни повреди.

Емотивна злоупотреба: „Мајка ми ми кажува дека сум глупав/а и постојано ме обвинува за тоа што нè напушти тато!“

Ова претставува целосен недостаток за љубов и внимание или пак, премногу нападно внимание и опседнување.

Сексуална злоупотреба: „Мразам кога нè посетува братот на мајка ми, мојот вујко! Понекогаш посакувам да имам катанец на вратата од својата соба!“

Оваа злоупотреба е кога некој ве третира на сексуален начин, ви покажува слики со сексуална содржина додека сте малолетни или кога не го сакате тоа, а сепак сте присилени. Возрасните кои сексуално злоупотребуваат деца се нарекуваат педофили.

Ако се пронајдовте во која било категорија на злоупотреба, мора веднаш да се обратите некому за помош.

za-ova-ne-treba-da-se-molci-pobedete-go-stravot-i-prezemete-cekor-2

Постојат луѓе кои може да ви помогнат за да се извлечете од тоа. Такви се на пример, професорите, психолозите или вашите родители и некои од роднините.

Ако си велите дека никој нема да ви поверува, ако сте преплашени да кажете што било и не знаете кому да верувате, мислите дека ќе биде полошо ако некому се пожалите, тогаш може да се јавите на отворената телефонска линија СОС број за пријава на злоупотреба и педофилија (15 505).

Колку и да е тешко некои работи мора да се кажат. Последиците никогаш не се толку лоши колку што очекувате. Всушност не може да бидат полоши од она што го трпите. Важно е да се запре пред да биде доцна.

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Колку вода треба да пиете додека доите за да спречите дехидрирање? Колку вода треба да пиеме додека доиме? Дали сме испиле премногу или премалку те...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg