Татковски совет: Што треба да знаат девојките за голотијата?

Писателот Кели Фланган на својот блог се обидува да ѝ порача на својата ќерка, но и на сите жени во светот дека не мора да подлегнуваат на притисокот на друштвото за да бидат убави. Овојпат тој зборува за разголувањето поради привлекување внимание.

tatkovski-sovet-sto-treba-da-znaat-devojkite-za-golotijata-01

„Твојата кожа не е твојот конечен израз, таа е само променлив оклоп. Милиони луѓе имаат кожа како твојата, ни никој нема срце како твоето. Твојата душа е единствена. Твојата убавина не е изразена со голата кожа“.

Тој ја советува дека не треба да се грижи за тоа како изгледа и како ја гледаат другите, туку колку ја сакаат.

„Но, биди и сочувствителна истовремено“, пишува Фланаган и додава дека тој сака да биде само уште еден средовечен човек кој им зборува на другите што треба да прават со себе и своето тело.

„Знам дека е претенциозно да мислам дека имам нешто вредно да споделам со вас, но излегов од игра и сега можам да поделам со вас некои машки тајни:

Мажите сакаат да се чувствуваат моќно преку вашите тела, сакаат да доминираат во баровите, клубовите и спалната соба.

tatkovski-sovet-sto-treba-da-znaat-devojkite-za-golotijata-2

Затоа, кога ќе се соблечете, вие им ја подарувате на мажите вашата моќ, играте игра која мажот ја посакува.

Затоа променете ја играта. Во тоа е вашата моќ. Мажот треба да се идентификува со она што е во тебе, а не со она што е на тебе, на твојата површина.

Правилата на игра треба да ги диктира твојот ум и твоето срце, а не неговото тело“.

На крајот додава нешто што веројатно би го кажал секој загрижен татко за изборот што ќе го направи неговото мало девојче.

„Да бидам искрен, така е. Но, јас знам што ќе ѝ кажам, а се надевам дека и другите девојки имаат некој што ќе им каже:

Без оглед на тоа дури и целосно да ме запоставиш, јас секогаш ќе те сакам и ќе се грижам за тебе.

Секогаш, покрај твојата кожа ќе го видам и твоето срце и убавината која трае засекогаш, а доаѓа однатре“.

Со почит,

тато

tatkovski-sovet-sto-treba-da-znaat-devojkite-za-golotijata-3

Би можело да ве интересира:

Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg