Најнов тренд во родителството: ОС метод на воспитување

Овој текст за родителството е дело на еден забавен родител кој бил веќе изморен од сите методи за воспитување на дечињата. Токму затоа, тој смислил хумористичен, но делотворен метод кој собра преку 160.000 лајкови за само неколку дена.

najnov-trend-vo-roditelstvoto-os-metod-na-vospituvanje-01

Приказната на неговиот блог се одвива вака:

Знам дека многу родители сакаат да бидат во тек со најновите методи и трендови - слободно одгледување на децата, интензивно родителство, хеликоптер родителство, мрзеливо родителство и слично. Е, оваа техника е таква што ви гарантира дека вашето дете ќе прерасне во студент и човек за пример.

Се нарекува ОС метод, што е кратенка од „Опушти Се.“ И тоа не е порака која треба да им ја пренесете на децата. Оваа порака е за вас.

Примената на ОС методот гарантира дека било кој тип на родителство да го одберетеш, твоето дете ќе биде во ред сè додека не претераш.

За да разбереш како тоа изгледа во пракса, еве неколку родителски сценарија и примери како да го примените ОС методот.

- Се грижиш дека детето на твојот пријател ја научил азбуката побрзо од твоето? Опушти се!

- Се плашиш дека не му пренесуваш многу мудрости на детето кое ќе му бидат потребни во животот? Опушти се!

- Мислиш дека не си родител каков што сакаше да бидеш? Опушти се!

- Се нервираш зошто твоето дете не покажува интересирање за одредени работи? Опушти се!

- Се загрижуваш затоа што детето во јавност знае да ти направи по некоја глупост? Опушти се!

Да, со примена на ОС методот ќе забележиш дека притисокот се намалува и ќе разбереш дека детето те сака без оглед на се, дури и ако му е малку потешко да ја совлада азбуката.

Ќе научиш дека без оглед на тоа каков родител си, го сакаш своето дете. А, тоа е единственото нешто што твоето дете треба да го знае.

Покрај тоа, ОС методот те прави отпорен на сите стравови кои може да ви го направат родителството кошмар.

Затоа, игнорирајте ги трендовите за родителството и посветете се на ОС методот.

За неколку години, ќе ја разберете неговата важност.

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg