Порака од родителите од паркот: Ве молам, не им помагајте на моите деца
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Монтер 21-10-2019


Порака од родителите од паркот: Ве молам, не им помагајте на моите деца

Драги родители од паркот, ве молам не им помагајте на моите ќерки полесно да го поминат мостот за да стигнат до куќичката, откако веќе јас ги предупредив дека нема да им помогнам и ги охрабрив да се обидат сами.

poraka-do-roditelite-od-parkot-ve-molam-ne-im-pomagajte-na-moite-deca-01.jpg

Јас не седам на пет метри од нив само затоа што сум мрзелива да станам. Седам тука затоа што јас не ги донесов во паркот за да ги учам како да манипулираат со останатите и да ги тераат да ја завршуваат нивната работа. Моите ќерки ги донесов овде за да се научат како самите да ја завршуваат својата работа.

Тие не се овде за да научат да стигнат до целта, туку да ги совладаат пречките кои им се наоѓаат на патот. Без разлика дали ќе стигнат до крајот или не, сакам на моите ќерки да им здодеат сопствените ограничувања и да се обидат да ги надминат со сопствен труд.

Тоа не е моја работа, а уште помалку ваша, веднаш да им помагате и да ги спасувате. Ако тие се заглават јас нема да ги спасувам, туку ќе ги оставам прво да се смират, да ја проценат ситуацијата и дури потоа да се обидат самите да се извлечат од замката во која се нашле.

Она што сакам моите ќерки да го научат е следново:

- Да научат како да го надминуваат стравот од паѓањето и да сфатат дека не е крај на светот и дека одново можат да станат.

- Да веруваат во своите способности.

- Да бидат способни да донесуваат свои одлуки и да ги надминуваат сопствените ограничувања.

- Да преземаат ризици и да научат како да ги контролираат своите чувства.

Сакам да се качуваат на детските клацкалки без ничија помош, без разлика колку и да е добронамерна таа помош.

Затоа би ви била благодарна доколку не им помагате на моите ќерки, затоа што јас сум овде и многупати сум посакала да им викнам „Внимавајте!”, но сум премолчела.

Со текот на годините, нивните пречки сѐ повеќе ќе се зголемуваат, ќе стануваат сѐ пострашни и потешки за достигнување. Не знам за вас, но јас повеќе би сакала да им помогнам сега да научат како да ги совладуваат тие пречки и вештините да ги стекнат токму сега, бидејќи во иднина таа помош нема да ја добиваат.

Кога моите ќерки ќе пораснат, вие нема да бидете до нив и да им помагате да стигнат до целта. Тешкотиите ќе мораат да ги совладуваат самите.  

Сакам сето тоа да го знаат сега, затоа што сега грешките се одразуваат со повредено колено кое се решава со еден бакнеж.

Затоа што сега освојувањето на таа куќичка се одвива со певлива песна, а оние пет метри помеѓу нас им се чинат како огромна далечина.

Би можело да ве интересира:

Таа е вашиот најголем фан: Зошто мајката ви е најдобриот пријател? Секој ќе ви каже дека врската помеѓу мајката и детето е посебна. Бескрајна поддр...
„Уште не те познавам, но те сакам“: Емотивното писмо до идната снаа од... Факт е дека врската помеѓу свекрвата и снаата доаѓа во сите форми... Факт е д...
До оној што го изгубив пред воопшто да го имам... Многу доцна дознав дека постоиш. Се радував за тебе едвај два месеца. Но, не ми ...