10 правила по кои француските родители ги учат децата како да се однесуваат на маса

Речиси секоја мајка го знае проблемот - детето никако не може да ги научи добрите манири на маса, па неретко се случува да тропа со чашата, да гребе со виљушката или да ја чепка храната како да е нешто грозно.

10-pravila-po-koi-francuskite-roditeli-gi-ucat-decata-kako-da-se-odnesuvaat-na-masa-1.jpg

Француските родители не го толерираат ваквото однесување и затоа од најмала возраст ги учат своите деца на добри манири и култура на маса.

Тие ги користат следниве 10 правила:

1. Родители, единствено вие сте одговорни за едукацијата на вашето дете поврзана со храната. Не го оставајте тоа на некој друг.

2. Храната не е играчка, награда, не е средство за утеха, ниту за подобрување на расположението. Не ја користете така.

3. Што ќе се јаде и кога, одлучува родителот. Децата јадат исто, без посебно подготвени рецепти за нив.

4. Храната е комуникација. Јадете барем еднаш во денот сите заедно седнати околу масата.

5. Разновидното мени е клучно. Не го гответе истиот ручек повеќепати неделно.

6. Јадењето не мора да им се допадне на децата, но мораат барем да го пробаат.

7. Без повеќе од една ужинка во денот! Нормално е детето да е гладно 20 минути или половина час пред оброкот.

8. Гответе и јадете без брзање.

9. Јадете вистинска, домашно зготвена храна, не пластика без вкус.

10. Поставете правила - не догма. Од време на време, тие може да се прекршат. Храната би требало да е задоволство, не да предизвикува стрес.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Како да го намалите времето поминато пред екран кај вашите деца? Лето-зима, приказната е иста, си доаѓате дома, а вашето дете уште не влезено дом...
Како да му помогнете на детето да се навикне да спие само во детската соба? Кога ќе стигнат до одредена возраст, препорачливо е децата да почнат да спијат с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg