Мамо, ти само потруди се да живееш долго, долго...

Мајка ми има 73 години. Ми подава круша и, со доза на извинување во гласот, вели, „Не изгледа многу убаво, но многу е вкусна! Плус, ја набрав од нашата градина, здрава е, без хемикалии. Ти сакаш круши! Земи!“

mamo-ti-samo-potrudi-se-da-zivees-dolgo-dolgo-001.jpg

Ја земам. Пијам и чаша млеко. Бидејќи сакам млеко. Таа по некоја случајност има цело шише во фрижидерот, а бидејќи ќе останам тука до задутре, сигурно ќе имам барем уште две „гозби“.

Излегувам надвор, влегувам во автомобилот, почнувам да возам.

Повторно одам некаде. Возам покрај села и градови; тоа е долго патување меѓу временските зони. Ќе поминам до кај мајка ми кога ќе можам – откако ќе завршам со сè што треба да направам. Откако ќе пијам кафе со другарките и ќе завршам со маникирот и педикирот. Ќе ѝ купам нешто убаво за јадење, набрзина ќе ја прашам како е, внимателно ќе слушнам што има да ми каже (како е тато?), и ќе глумам дека сум загрижена за ситниците кои ја вознемируваат. Потоа ќе тргнам одново – имам мои работи со кои треба да се справам.

Мајка ми ќе ми каже повторно дека кога сум надвор треба убаво да се замотам со шал, ама бидејќи не го правам тоа цело време ме боли грлото. Ќе ми каже и дека премногу работам и треба малку да забавам со темпото. Ќе се согласи со мене дека животот е сложен, и не е важно што не можам да најдам доволно време да ја посетувам почесто.

Мојата куќа се наоѓа на 40 километри од нејзината. Редовно ѝ се јавувам и ги слушам нејзините детални приказни: што нашла во супермаркетот, како нејзината сестра е многу осамена во соседниот град, како тревата повторно пораснала од дождот и мора да се искоси, како оваа година не ѝ се родиле многу домати во градината, а ни цвеќињата не растат баш како што треба. А, само да сум можела да видам што се случило со мачката на соседите!

Овие приказни ми здодеваат. Се чини како ништо важно да не и се случило во животот. По малку сум нервозна кога ми се жали дека ја боли нешто, и по стоти пат и кажувам да отиде на лекар, а таа повторно ме одбива и ми вели дека ќе помине.

Потоа ми вели нажалено „Па на кој друг да се пожалам, ако не тебе?“

Во тој момент чувствувам како телото ми смрзнува. Сфаќам колку лоша можам да бидам кон неа. Конечно сфаќам дека сите овие часови поминати во слушање на нејзиниот продорен глас, сите овие бескрајни дискусии за кој е во право а кој не, сите обиди да си држиме лекции една на друга – сето тоа е нашиот живот. Единствениот кој го имаме, токму сега и овде.

Го спуштам телефонот и тргнувам во „ненајавена“ посета. Таа некако успева да најде време да ми зготви вечера, додека тато сака да ми стави уште малку вино за да не пие сам. Не можам повеќе, му велам, треба да возам. Тој си ја полни чашата и ми кажува колку е убаво. Се смееме.

Го облекувам џемперот на мама бидејќи некако ми застудува. Штом го слуша ова таа веднаш ја вклучува греалката, за да се згрее собата уште малку. И повторно, јас сум нивното малечко девојче, за кое сè треба да биде совршено. Храната е на маса, собата е повторно топла, во светот не постојат никакви проблеми...

Мамо, само ти потруди се да живееш уште долго, долго време, бидејќи не знам како ќе живеам без да можам да го чујам твојот глас по телефон. Бидејќи не знам како ќе имам сила да влезам во кујната каде ми подготвуваше храна и се обидуваше секогаш да биде топла и пријатна за кога твоето малечко девојче ќе си дојде дома...

 М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg