Сите работи од кои се плашам, откако станав мајка

site-raboti-od-koi-se-plasham-otkako-stanav-majka-01.jpg

Отсекогаш сум се сметала за силна личност. Не онака храбра за да ме видат на врвот на Монт Еверест или како скокам од авион - туку бев храбра и бестрашна со тоа што никогаш не бегав од предизвиците.

Но, кога станав мајка, работите драстично се променија. Мојата храброст исчезна.

Сега, буквално од сè се плашам. Се плашам кога мислам дека правам нешто добро, дека можеби не сум во право. Се плашам од лоши вести. Се плашам од чудни случки, каснатини од бубачки и белези, а првенствено, се плашам како мајка нешто да не утнам.

Така ја започнува својата листа, мајката Ребека Грубер, и со тоа ги утеши сите мајки во светот кои во нејзините зборови потајно ги пронајдоа и своите стравови.

Свесна сум дека желбите и реалноста не одат рака под рака и дека добар дел од денот морам да работам некоја друга работа со некоја друга улога, наместо улогата на мајка.

Се плашам дека заради тоа многу им недостасувам на децата.

Се плашам дека мене многу ќе ми недостасуваат.

Се плашам дека нема да јадат доволно додека мене ме нема.

Дека ќе се разболат додека мене ме нема.

Се плашам јас да не се разболам.

Се плашам дека моите деца ќе видат сè што се случува во светот. Сцени кои не се за ничии очи, а посебно не за нивните мали и невини очички.

Се плашам од рак. Се плашам да го спомнам на глас.

Се плашам од несреќи на училиште.

Се плашам од луѓето, пријателите и нивното лошо влијание.

Се плашам од спортските повреди и листата на предупредувања.

Се плашам да не донесам погрешна одлука која е поврзана со иднината на моето дете.

Се плашам дека сум предобра или престрога со моите деца.

Се плашам од тоа на кој начин ќе влијаат компјутерските игри на нив.

Се плашам дека не се среќни.

Листата може да биде уште еден километар долга и некако верувам, дека можеби не сум единствениот паничар. Мислам дека сите сме такви кога се работи за иднината на нашите деца.

Се плашам дека сите сме можеби премногу парализирани со сите можни стравови поврзани со нашите деца.

И се плашам дека тоа можеби не е добро за нашите деца.

Иако родителството не доаѓа со јасни препораки за секое дете, свесни сме дека повеќе не сме сами и дека сега, одлуките кои ги носиме веќе не се однесуваат само за нашиот живот. Дека сè, ама буквално сè, може да влијае на нивната иднина.

Се сеќавам кога татко ми лесно ми кажа: „Страв ти е и тоа е сосема нормално“. Тоа чувство кога пристигнува со првите денови од родителството. Тоа е она што значи да се биде родител - да бидеш загрижен за своето дете, исплашен.

Да бидеш родител значи да бидеш безгранично исплашен и загрижен.

„Сега и уште цели 18 години?“ - го прашав тогаш татко ми.

„Какви 18 години. Цел живот моја мила. Тоа ќе трае цел живот.“ - ми одговори.

9 години подоцна, сега точно знам дека неговите зборови беа мудри, а стравот е оправдан. Да сакате и да се плашите... Но, што ако заради стравот направиме нешто лошо на детето? Или ако решиме да не се плашиме, тогаш некако ќе му наштетиме?

Ах, тој родителски страв...

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg