Како да пораснете добро дете - 6 совети од психолог од Харвард

Да се одгледа едно добро воспитано дете кое ќе има чувство за морал и етика, дете со емпатија кое се грижи и ги почитува другите отсекогаш претставувало тешка задача. Не постои работа која е поважна на светот, ниту пак некоја која ќе ни донесе поголема награда.

Kako-da-odgledate-dobro-dete-6-soveti-od-psiholog-od-Harvard-01.jpg

Повеќето родители се веќе уморни од приказната која се повторува, како технологијата им штети на нивните деца. И мајките и татковците се доволни свесни за дигиталната ера во која живееме и конкуренцијата која владее со цел да се привлече вниманието на детето. Во секое списание и со секој нов клик на интернет бомбардирани сме со нови иновативни идеи и грижи кои се однесуваат на одгледувањето деца.

Но, под целата таа фасада на модерните принципи на огледувањето дечиња, без оглед во која временска ера и да сме, основното морално воспитување на децата не се променило воопшто. Психолог од престижниот универзитет Харвард нуди 6 практични совети како да одгледате дете кое ќе рефлектира добра личност:

Поминувајте време со своите деца

Ова е основата на воспитувањето. Но, клучниот збор е – поминувајте КВАЛИТЕТНО време со вашите деца. Не е важен квантитетот. Може да бидете 10 часа со нив во истата просторија и да не правите ништо корисно, а може да седите само 2 часа кое ќе ги поминете во разговор и игра. Зборувајте со нив, внимателно слушајте ги, советувајте ги смирено. Поттикнете ги да размислуваат и да се интересираат и за други работи и луѓе, не само за себе.

Тоа што е важно, кажете го јасно и гласно

Поголем дел од родителите тврдат дека негата и грижата околу децата им е приоритет број 1, но децата често пати не ја слушаат таа порака. Кажете им го тоа директно и гласно. Така децата ќе знаат дека некој се грижи за нив.

Воедно, постојано проверувајте со наставниците како напредуваат во училиште, на курс или на тренинг, како се снаоѓаат во тимската работа со другите дечиња, какви знаци оддаваат и дали се развиваат во добри луѓе.

Покажете им како да го решат проблемот

Не донесувајте одлуки наместо нив. Подобро помогнете им сами да го решат проблемот и водете ги низ процесот на донесување решение, односно одлука.

На пример, доколку детето одеднаш сака да го напушти одбојкарскиот тим или некоја друга активност, охрабрете го да го идентификува изворот на проблемот и да преиспита зошто сака да го стори тоа и дали истото е добра одлука. Помогнете му да открие дали откажувањето од активноста го решава проблемот.

Воведете им навика да помагаат и да искажуваат благодарност

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат обичај да се заблагодаруваат, кои се почувствителни и повеќе подготвени да помогнат и да простат – имаат поголеми шанси да бидат посреќни и поздрави.

Всадете им ја навиката да им помагаат на братчињата, сестричките и другарчињата. Научете ги на зборот благодарам. За ваквото однесување не треба да следува некоја специјална наградата, детето треба да сфати дека ваквото однесување е добро и пожелно и без наградување.

Обрнете внимание на негативните емоции

Научете ги децата да ги идентификуваат своите емоции. Гневот, лутината, стравот, љубомората и сите останати негативни емоции се нормален составен дел од секое детство. Помогнете им правилно да ги идентификуваат, да ги именуваат и анализираат овие емоции. На тој начин децата полесно ќе се запознаат себеси и подобро ќе ги решаваат конфликтите.

Особено важно е да знаете да поставите граница која ќе се почитува. Понекогаш децата ќе бидат лути и гневни на вас, но мора да им покажете дека ваквите забрани се за нивно добро, дека некој ги сака и се грижи за нив.

Покажете им ја поголемата слика

Децата вообичаено се движат во помали семејни и друштвени кругови, но суштината е да ги научите дека не се сами на светот, не постојат само тие, и светот не се врти околу нив. На тој начин ќе ја анулирате егоцентричноста и себичноста.

Научете ги да ги слушаат другите луѓе и она што имаат да го кажат. Да се замислат како им е ним, како изгледа да се биде на нивно место. Тие ќе станат поемпатични и подобри луѓе.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg