„Јас сум таа што води грижа за сите работи“: Искрено писмо на една мајка

„Јас сум таа што води грижа. Јас водам грижа за распоредите. За тренинзите, натпреварите и часовите“ - вака Камерон Поинтер, мајка и уредник на блогот Lucky Orange Pants го започнува писмото посветено на сите мајки кои се грижат за сите работи.

jas-sum-taa-shto-vodi-grizha-za-site-raboti-iskreno-pismo-na-edna-majka-01.jpg

Да се биде мајка е работа за која не се добива плата, а сепак е најважната и најтешката работа на светот. Затоа, жените треба да си помагаат една на друга и да се охрабруваат за целиот тој товар да им биде полесен.

Во продолжение прочитајте го искреното писмо посветено на сите мајки:

За проектите, забавите и излегувањата. За состаноците и домашните задачи на децата.

Јас водам грижа за потребите на сите. На кој треба да му се даде да јаде за да не спобудали и на кој сака да се осами кога ќе се налути. Дали имало чиста облека, дали се платени сметките и да не сме останале без млеко во фрижидер.

Јас водам грижа за решавање на проблемите. За фластери и прибор за шиење и ужинките што ги носам во чантата. Исто и за емотивни „лекови“ и давање утеха.

Јас водам грижа за тоа кој што сака, а што не сака. За ритуалите пред спиење и кој што одбива да јаде.

Јас водам грижа за тоа што треба да се направи. Дека треба да бидеш љубезен, да го фрлаш ѓубрето, да ги миеш садовите, да пишуваш домашно, да ја задржиш вратата кога некој влегува и да кажуваш „фала“.

Јас водам грижа за важни датуми и спомени. За новогодишни украси и велигденски јајца. Јас правам фотки, чувам интересни украси и пишувам писма.

Јас водам грижам за емотивна сигурност. На сите. Таа што ги теши другите, ги расположува кога се тажни, им ги чува тајните и има разбирање за стравовите.

Јас водам грижа да се зачува мирот. Ги смирувам кавгите, ја олеснувам комуникацијата, се справувам со различни карактери.

Јас водам грижам и за сите други грижи. И моите, и нивните.

Јас водам грижа за доброто и за лошото, за големите работи и за малите, за убавите и за тешките.

Најчесто, овој товар што го носам наликува на периодниот систем на елементи -  полесен е од воздухот и ме прави да мислам дека имам некаква цел. Тоа и го очекував. Во тоа сум најдобра.

Но, понекогаш овој товар ме влече толку надолу, што почнувам да се гушам и да не можам да земам воздух за да излезам.

Зашто сите овие работи за кои водам грижа се невидливи, не можат да се допрат.
Никој не ги забележува и никој не ги цени сè додека ги правам. Овие работи не се оценуваат, не ги прегледува никој и за нив не се одлучува на суд. И понекогаш се земаат здраво за готово.

За сите вие што водите грижа, ве разбирам.

Знам каков е тој товар.

Познати ми се сите тие невидливи работи што ги правите, а за тоа не добивате плата или боледување. Без тие работи светот нема да биде ист.

И војнички ве поздравувам!

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg