Што да го прашате детето освен – „Како си помина денес во училиште?“

- Како си помина денеска на училиште? - Добро. Така-така. Исто како вчера.

Sto-da-go-prasate-deteto-osven-kako-si-pomina-deneska-vo-uciliste-01.jpg

И разговорот вообичаено завршува тука. Колкумина се сведоци на оваа ситуација?

Наместо да го заморувате детето секој ден со ова неинспиративно прашање, еве неколку добри предлози што може да го прашате и да поразговарате со него.

Во време како денешното знаеме колку е тешко да се одлепи детето од телефонот, таблетот или компјутерот.

Бидете херој, прифатете го предизвикот и направете да му е интересно барем половина час со вас поминат во разговор.

Ќе се изненадите од одговорите на малечките и од нивната желба за разговор: 

1. Што јадеше денеска?

2. Какви игри игравте на големиот одмор?

3. Се случи ли нешто смешно денес?

4. Дали направи нешто добро за некое другарче?

5. Кој те насмеа денеска?

6. Кој од наставниците би можел прв да стане зомби?

7. Кога некое од другарчињата би можело да биде наставник на еден ден, кој би требало да биде? Зошто?

8. Што би ги учел ти другарчињата ако си наставник во училиштето?

9. Со кого сакаш најмногу да се спријателиш? Зошто не сте другарчиња?

10. Што ти беше најтешко денеска?

11. Што сакаш најмногу да правиш за време на големиот одмор?

12. Што сакаш најмногу кога си во училиште?

13. Има ли некое дете во одделението кое не ги почитува правилата?

14. Кое другарче е сосема различно од тебе?

15. Што сакаш најмногу да учиш?

(О)Милена | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Како да му помогнете на детето да се навикне да спие само во детската соба? Кога ќе стигнат до одредена возраст, препорачливо е децата да почнат да спијат с...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...
Водич за родители: Корисни совети за воспитување деца на различна возраст На која било возраст, избегнувајте ги строгите и нереалистични казни бидејќи оби...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg