6 работи кои треба да им ги кажувате на вашите деца секој ден

Во време како денешното со несопирливиот развој на технологијата и зголемениот број на обврски, понекогаш се чини дека просто невозможно е да се изгледаат убаво воспитани дечиња.

6-raboti-koi-treba-da-im-gi-kazuvate-na-vasite-deca-sekoj-den-01.jpg

Во секојдневниот хаос забораваме да им кажеме неколку работи на децата за кои можеби верувате дека не им значат ништо во моментов, но бидете сигурни дека нивната вербализација ќе даде резултат неколку години подоцна.

Благодарение на овие убави 6 работи кои треба да им ги кажувате на децата секој ден, тие ќе пораснат во добри, воспитани и самостојни луѓе, без намалено чувство на самодоверба или незадоволство од самите себе:

Те сакам

Колку често им кажувате на децата дека ги сакате? Правете го ова секој ден. Во иднина ќе следуваат добри, но и лоши денови кога нивниот морал и енергија ќе бидат на најниското можно ниво.

Убаво е да се знае дека без оглед на сè, некој безусловно ги сака.

Ме правиш среќен/среќна

Децата се постојан извор на љубов и среќа (дури и кога ве нервираат, да). Особено важно е да знаат колку многу ве усреќуваат. Па не чекајте тоа да го слушнат на денот на нивното дипломирање или свадба. (По)кажете им колку ве прават среќни.

Навистина сакам кога…

Си ја средуваш собата. Ја пишуваш домашната навреме. Се однесуваш убаво кон другарчињата, но и кон постарите.

Постојано истакнувајте што најмногу сакате кај своето дете, неповрзано со надворешниот изглед. Децата треба да ја знаат вистинската вредност на карактерот, не на убавината.

Многу сум благодарна што те имам тебе за дете

Не Марко на соседите, не Јана од училиште што имала најубава писмена задача по македонски јазик. Благодарна сум што те имам тебе, бидејќи за мене ти вредиш најмногу.

Верувам во тебе

Воедно имам и доверба во тебе. Од друга страна, верувам во твоите способности за носење добри одлуки.

Дали можеш сам/а – Знам дека умееш

Децата неретко се откажуваат кога нема да слушнат охрабрувачки зборови. Секој родител треба да го поттикне детето, да го натера да верува во себе. Треба да им се даде до знаење дека веруваме во нив и дека умеат да го направат нештото, без разлика колку и да е големо или мало.

Кога сте уморни и сте имале долг и напорен ден, лесно може да дојдете во искушение во афект да кажете нешто кое не го мислите, а ќе ги повреди вашите деца. Запаметете, децата се благослов, чудо, светлина која го осветлува вашиот живот. Секогаш имајте убави зборови за нив. Секој ден.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg