8 разлики во начинот на воспитување на децата во Австралија и Македонија

Паркови и игралишта на сите страни, забава за целото семејство и часови за пливање уште пред првиот роденден. Звучи забавно да се растат деца во Австралија, зарем не?

8-razliki-vo-nachniot-na-vospituvanje-na-decata-vo-avstralija-i-makedonija-01.jpg

Кога ќе помислите на Австралија сигурно прво на ум ви се кенгурите, убавата клима и неверојатните плажи, но дали некогаш сте помислиле како изгледа начинот на живот таму, односно како родителите ги воспитуваат децата таму?

За разлика од Македонците, тие повеќе ги мотивираат децата да водат активен живот уште од најмала возраст.

Некои интересни факти за начинот на воспитување на децата во Австралија:

Родителите може да ги испратат децата во „училиште за спиење“ - Оваа програма е финансирана од владата. Преку неа родителите учат техники како да им помогнат на своите бебиња да спијат во текот на целата ноќ.

Ваквите „кампови“ се во близина на болниците и често медицински сестри работат во нив.

8-razliki-vo-nachniot-na-vospituvanje-na-decata-vo-avstralija-i-makedonija-08.jpg

Родителите земаат подолги одмори - На повеќето вработени луѓе во Австралија им е гарантиран одмор од најмалку 4 седмици годишно.

Родителите понекогаш може да добијат слободен ден за да минат време со своите деца, без да измислуваат причини како на пример дека се болни.

Децата учат да пливаат од најмлади години - Поради тоа што голем дел од Австралијците живеат покрај брегот децата учат да пливаат многу порано.

Сè е индивидуален избор, но некои родителите ги запишуваат на часови за пливање дури и своите бебиња од 4-месечна возраст.

8-razliki-vo-nachniot-na-vospituvanje-na-decata-vo-avstralija-i-makedonija-06.jpg

Децата имаат огромен број игралишта на располагање - Спортувањето е актуелно во Австралија, па децата уште од најмала возраст се охрабрени да бидат активни.

Детски игралишта има речиси на секое ќоше. Убавата клима прави тие да минуваат многу голем дел од времето надвор.

8-razliki-vo-nachniot-na-vospituvanje-na-decata-vo-avstralija-i-makedonija-04.jpg

Огромни трошоци за децата - Сиднеј е еден од најскапите градови во светот. Па, така во Австралија облеката за деца, книгите и играчките чинат вртоглави цени, но се разбира и платите се повисоки.

Безбедносните мерки се построги - Седиштата за деца во автомобилите се задолжителни и следуваат големи казни ако не ги почитувате законските регулативи.

Поради големиот број на топлотни удари и заболувања од рак на кожата поради сонцето, шапките се задолжителен дел од училишната униформа на децата.

8-razliki-vo-nachniot-na-vospituvanje-na-decata-vo-avstralija-i-makedonija-03.jpg

Во локалите има специјални оддели за децата - Таму многу се оди во пабови, па во текот на викендите има тон деца во нив. Често целото семејство оди на ручек или вечера заедно.

Затоа во поголемиот дел од локалите има области специјално наменети за забава на децата.

Ги учат децата како да се забавуваат - Австралијците работат напорно, но и се забавуваат одлично. Убавото време прави постојано да одат на прошетки, да посетуваат концерти на отворено и да водат активен живот.

Токму во овој дух ги воспитуваат и своите деца.

8-razliki-vo-nachniot-na-vospituvanje-na-decata-vo-avstralija-i-makedonija-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg