Дебата меѓу родителите: Дали е во ред да се бакнуваат децата во уста?


Дебата меѓу родителите: Дали е во ред да се бакнуваат децата во уста?

Дејвид и Викторија Бекам се едни од славните родители кои обожаваат да ги бакнуваат своите деца во уста, особено 6-годишната ќеркичка Харпер.

Dali-e-vo-red-da-se-baknuvaat-decata-vo-usta-01.jpg

Ова однесување постојано предизвикува лавина од позитивни и негативни реакции. Додека едни аплаудираат на ова однесување и ја истакнуваат бескрајната мајчинска и татковска љубов, други реагираат со неодобрување и остри критики.

Dali-e-vo-red-da-se-baknuvaat-decata-vo-usta-02.jpg

Во врска со бакнувањето на дечињата во уста, психологот Саманта Родман истакнува:

Родителите прават толку многу работи со своите дечиња, кои тие подоцна ќе ги повторуваат откако ќе станат нечии сексуални партнери.

Зошто масажата, чешкањето по грбот, гушкањето, заедничкото бањање во када е во ред, а бакнувањето во уста не е?

Доколку сакаш некого, неминовно е да си физички близок со него.

Доколку бакнежот во уста делува стимулативно на некој начин, истото може да го потврдиме и за скокоткањето, чешкањето, масажата и за многу други физички процеси, меѓу кои и доењето.

Детето може да почувствува физичко задоволство, без истото да биде чудно или несоодветно. Кој родител не сака неговото дете да се чувствува сакано, ценето и заштитено?

Бакнежот во уста е само уште еден начин кој ја илустрира бескрајната родителска грижа и љубов.

Неодамна, во центарот на оваа огнена дебата се најде и рагби играчот Том Брејди, сопругот на топ моделот Жизел Бундшен.

Dali-e-vo-red-da-se-baknuvaat-decata-vo-usta-03.jpg

Сликата во која тој се бакнува во уста со неговиот 10-годишен син Џек (чија мајка е актерката Бриџит Монахан) ја разбранува јавноста, а многумина застанаа во одбрана на Брејди со аргументите – Зарем не може таткото да ја покаже љубовта кон своето дете? Цинични перверзни копилиња!

Други, пак, имаа поинаков коментар: Премногу го сакам мојот син и постојано го бакнувам. Работата е во тоа што тој има 2 годинки, и не се бакнуваме долго во уста додека лежам гола без маица и добивам масажа.

Друг психолог тврди дека бакнежите во уста треба да се забранети по 5-годишна возраст.

Причината е тоа што ова е уште еден типичен пример како модерните генерации на родители ги направија децата да бидат центарот на нивниот свет.

Бакнежот во уста имплицира љубов која самостојно ја одбираш, без разлика дали станува збор за интимен бакнеж меѓу пријатели или страстен бакнеж со партнерот.

За многу родители бакнежот во уста е природно нешто и не претставува проблем, но како очекуваат децата во иднина да се соочат со сите комплексни страни на созревањето?

Една од пријателките постојано му повторува на синот дека никој на светот нема да го сака како што го сака таа; мајката смета дека оваа изјава е преслатка, јас сметам дека е застрашувачка.

Како може да го истражуваш концептот на љубов во иднина доколку првиот бакнеж во уста си го доживеал на 2 години и тоа од родителот?

Поголем дел од експертите на крајот се согласуваат дека бакнежите во уста треба да мигрираат кон обравчињата и челото во текот на растењето, а дефинитивно треба да сопрат доколку детето покаже отворен анимозитет или доколку изјави дека се чувствува непријатно и неудобно поради бакнежот во уста.

Какво е вашето мислење? Дали ги бакнувате вашите дечиња во уста?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 работи кои треба да им ги кажувате на вашите деца секој ден Во време како денешното со несопирливиот развој на технологијата и зголемениот б...
Или децата им се качуваат на глава или родителите ги удираат без причи... Недела е, сонцето е искачено високо над небото и провејува пријатен ветер додека...
5 најчести грешки на родителите поради кои децата се постојано болни „Не го фаќај тоа, какано е. Никако не земај работи што паднале на подот или на з...