9 знаци дека станувате мајка што ги нервира луѓето на социјалните мрежи

Ставате тон фотки со детето на социјалните мрежи, тврдите дека животот без деца е празен и во коментари ги осудувате другите мајки дека не се доволно добри.

9-znaci-deka-stanuvate-majka-shto-gi-nervira-lugjeto-na-socijalnite-mrezi-01.jpg

Мајките минуваат многу време на интернет и понекогаш седењето дома со нивното дете прави да отидат во крајност и да прикачуваат стотици фотографии од нивното бебе и да го пренесуваат секој чекор од тоа како го живеат животот.

Сите сакаме слатки фотографии од дечиња, но некои мајки навистина претеруваат.

Симптоми дека кога мајките ги нервираат луѓето на социјалните мрежи:

Споделуваат апсолутно сè

Од појадокот, па до лежење во кревет и приказните за добра ноќ. Навистина не нè интересира секој детаљ од вашиот живот.

Јасно ни е дека сега се идентификувате со новата улога во својот живот како мајка, но навистина нема потреба да се заморувате со тоа дали фотографијата од вашето бебе ќе собере доволно лајкови, а и да не заморувате нас постојано да чувствуваме обврска да ви ставаме лајкови.

Прикачување на тон слични фотографии

Цела серија фотографии со вашето дете, кои само за нијанса се разликуваат во позите или емоциите, навистина не се забавни за гледање.

Да, слатки сте заедно, но изберете само една фотографија и ставете ја таа.

9-znaci-deka-stanuvate-majka-shto-gi-nervira-lugjeto-na-socijalnite-mrezi-03.jpg

Коментирање на секој статус и фотографија со споменување на родителството

Знаеме дека родителството ви го промени животот, но навистина има моменти кога сакаме разговорот да не се сведува на деца.

Ако се пожалиме со објава дека ни е тешко на работа, нема потреба да ни коментирате: „Чекај, ќе видиш што е тешко кога ќе станеш родител.“ Или кога ќе напишеме колку сме среќни за одредено патување или за новиот миленик вие да ни коментирате: „Ништо не може да се спореди со среќата кога ќе добиеш деца“.

Претеран приказ на достигнувањата на вашите деца

„Бебето ми е толку паметно, уште отсега знае да направи селфи“, „Во градинка моето дете нацрта најубав цртеж“, а на фотките се гледа дека ниту селфито, ниту цртежот не се воодушевувачки.

Дали знаете дека токму децата кои родителите ги фалат премногу на крај израснуваат во возрасни личности со ниска самодоверба? Наместо тоа, вие треба да поставувате повисоки критериуми пред вашите деца за тие да напредуваат и да се подобруваат.

9-znaci-deka-stanuvate-majka-shto-gi-nervira-lugjeto-na-socijalnite-mrezi-05.jpg

Давате премногу информации за секојдневието на вашето дете

Да, сигурно вашите родители сакаат да знаат дали вашето дете, односно нивното внуче, кивнало денес, се лулало на лулашка или истурило сад со храна, но нас навистина тоа не нè интересира.

Ниту фотки од настанот, ниту пак долги и детални објаснувања како тоа се случило.

Фалење за разни ситници

„Првата насмевка на моето дете“, „првите патики на моето дете“, „моето дете денес полни 4 месеци“... Ова е голем момент за родителите и во ред е што имаат потреба тоа да го споделат со светот, но светот навистина не го интересираат овие детали.

Вашето дете расте и напредува, како и секое друго дете. Не мора тоа постојано да го прикажувате на социјалните мрежи.

9-znaci-deka-stanuvate-majka-shto-gi-nervira-lugjeto-na-socijalnite-mrezi-02.jpg

Заблагодарување до вашите деца што постојат

Навистина е благослов да се има деца и е голема животна пресвртница. Но, тоа не значи дека луѓето што немаат деца водат очаен живот.

Тие можеби немаат затоа што едноставно не сакаат, па нема потреба да ставате статуси дека животот без деца е безначаен и секој ден да им се заблагодарувате на вашите деца на социјалните мрежи што постојат и што ве направиле комплетна личност.

Премногу селфи фотки

Некои мајки едноставно не може да минат ден без да објават селфи со своето дете. Овие фотографии се речиси идентични и на нив ви се разликува само косата и облеката.

Навистина се здодевни за гледање на социјалните мрежи.

9-znaci-deka-stanuvate-majka-shto-gi-nervira-lugjeto-na-socijalnite-mrezi-04.jpg

Агресивни коментари

Понекогаш мајките може да ги навредат другите мајки, кои не го делат истиот родителски стил како нивниот. На пример се случува да го потценат оние кои се породиле со царски рез или пак да осудат некои мајки зошто на бебето му дале толку рано одреден тип на храна или го облекле толку многу на толку топло време.

И тоа го прават без размислување со директни, агресивни, па дури и навредливи коментари.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...
Не сака да се дружи со деца, бега од врева - Дали и вие имате високо сензитивно дете? Вашето дете ги покрива ушите и му пречи врева, реагира на сѐ што е ново, ги забе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg