„Колку убаво црташ“, „Паркот не работи сега“ - 10 лаги кои секој родител му ги кажува на своето дете

Родителите постојано нè лажеле како малечки. Тоа се оние „мали бели лаги“ кои ги кажувале за ваше добро.

10-lagi-sto-sekoj-roditel-mu-gi-kazuva-na-svoeto-dete-01.jpg

Дел од нив ги кажувале и сосема несвесно, дури и махинално, како мал одбранбен механизам за справување со нашата незаситна љубопитност и бурниот темперамент.

Доколку мислите дека нема да бидете такви родители, слободно опуштете се - ќе бидете сосема исти.

Ниту едно детство не може да помине без неколку (или сите) од овие 10 лаги кои сме ги слушале додека бевме мали:

„Ако си лош, Дедо Мраз нема да ти донесе подарок“

Бидејќи тој те гледа каде и да си. Неговите помошници кои ги има насекаде му пренесуваат дали си бил добар или лош, и на крајот од годината во зависност од твоето однесување добиваш или остануваш без подарок.

Сепак, добро е да се знае дека лошото однесување со себе носи последици и казни.

„Нема никогаш да дозволам да ти се случи ништо лошо“

Тоа е можеби и најискрената намера и најголема желба на секој родител, но просто е невозможно. Секако дека ќе се случуваат лоши работи, а вашите родители нема да се секогаш тука да ви помогнат. Ќе паднете, ќе го чукнете коленото или главата. Ќе се степате и скарате со некое другарче.

Подобро е да му се каже на детето дека нема да му се случи ништо лошо сè додека сте во негова близина, но светот е полн со непознати луѓе со кои не треба да се зборува додека си малечок, бидејќи може да те стават во опасност.

Звучи страшно, но тоа е вистината и најдобро е детето да ја знае.

„Паркот е сега затворен“

Многу добро знаете дека паркот е отворен 24/7, но немате време да ги однесете своите деца на играње. Наместо да ги лажете, бидете искрени. Објаснете му на детето дека треба да купите храна и да подготвите ручек за да имате јадење на масата.

Децата можеби ќе негодуваат и ќе поплачат малку, но добро е да знаат дека не може да се добие сè во моментот кога тие ќе посакаат и дека треба да има јасни граници во она што е дозволено и забрането.

„Нема да боли ич, ти ветувам“

Звучи познато, нели? Посетата на забар, удирање инјекција, лекарски преглед. Првиот пат некако ги излажавте дека нема воопшто да боли, но сега знаат подобро. Знаат дека ги лажевте, болката е потсетник на неубавото искуство.

Обидете се да не ја зашеќерувате вистината, туку објаснете му дека ќе боли малку, но дека брзо ќе помине.

„Колку убаво црташ, прав уметник“

Убаво е да се охрабруваат дечињата, но само доколку навистина се исклучителни во некој талент. Верувале или не, децата колку и да се мали може да го насетат тонот на вашиот глас и да препознаат кога сте целосно искрени, а кога подлажувате.

Немојте да им се восхитувате премногу кога цртежот не е вреден за такви пофалби. Аплаудирајте им кога се навистина талентирани, а не кога делото е сосема просечно, дури и лошо.

„Време е за во кревет!“

А часовникот покажува само 19.30 часот, иако добро знаете дека нивното време за легнување е по 20.30 часот.

Наједноставно решение: Време е да се подготвиме за спиење. Зборовите навистина имаат поинакво значење искажани вака.

Додека измиете запчиња, се пресоблечете во пижами и прочитате некоја приказна и кратко разговарате, навистина ќе дојде реалното време за спиење.

„Ќе дојдам за минутка“

Да, вашите намери се секако добри. Сакате да стигнете секаде на време, да им ги прегледате домашните и да се погалите со своите дечиња пред заспивање. Но, имате и сметки за плаќање, обврски за завршување по дома.

Тогаш, наместо да ги лажете дека ќе дојдете за минутка кога немате намера да го сторите тоа додека детето ве довикува, објаснете му дека морате да завршите нешто навистина важно и да се стрпи малку подолго.

„Ќе си одам без тебе, па ти седи си сам“

Да бидеме реални, ретко кое дете особено се загрижува на оваа закана, особено кога е заиграно со други деца или играчки.

Наместо вакви празни закани, спроведете поинакви тактика и секогаш додадете последици – Ако не појдеш со мене, нема да одиш следната недела на роденден, или нема да гледаш цртани филмови после ручек.

„Немаме доволно пари за таа играчка“

Децата знаат да бидат навистина упорни кога ќе се заинаетат за некоја играчка, иако имаат 3 слични дома.

Наместо да ги лажете дека немате доволно пари да им ја купите, објаснете им дека не треба да се трошат пари на секое излегување, бидејќи ако ги трошите така лесно, нема да ви останат доволно за да одите на одмор.

Можеби ќе му биде потребно некое време да сфати, но ниту едно дете нема да ја ризикува радоста од пливањето и песокот за уште една обична пластична играчка.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg