Сами се грижат за децата: Славни мажи кои се самохрани татковци

6. Нели

„Децата ви го менуваат животот на мноштво начини. Се учите да не им бидете само родител, туку и пријател, бидејќи тоа ним им е потребно.“  Музичката ѕвезда Нели стана самохран татко по разделбата од мајката на неговите две деца, Шанел и Корнел.

Во 2005 година, пак, почина сестра му од леукемија, па доби старателство и над нејзините две деца. Денес, Нели им е родител и на внуката Сиднеј, како и внукот Шон. Сите четири ги нарекува свои деца.

„Моите деца се неверојатни и благословен сум што ги имам. Мислам дека моментите во друштво на децата, претставуваат најдобриот подарок за татковците.“, тврди изведувачот.

sami-se-grizhat-za-decata-slavni-mazhi-koi-se-samohrani-tatkovci-10.png

7. Дин Кејн

По судскиот спор за старателство со поранешната сопруга, актерот сам се грижи за синот Кристофер, кој сега е во тинејџерските години. „Како татко сум подобар од сѐ друго што сум бил во животот“, вели Дин Кејн и додава: „Син ми ќе мора да се бори за ги избегне моите бакнежи. Тој ми е најомилената личност на целата планета.“ Сепак, чувството на љубов е обострано.

Глумецот познат по толкувањето на Супермен, напоменува дека балансирањето помеѓу  кариерата и татковството умее да биде отежнато на моменти, но тој нема дилема што е неговиот приоритет: „Научив да донесувам одлуки каде тој е на првото место.“

sami-se-grizhat-za-decata-slavni-mazhi-koi-se-samohrani-tatkovci-11.png

8. Лени Кравиц

Кога рокерот се разведе од сопругата во 2011 година, неговата ќерќа Зое - која тогаш имаше 11 години - замина да живее со татка си. Лени Кравиц го опишува нивниот однос како: „најдоброто нешто кое го имам во овој свет.“. Наспроти дивиот имиџ на сцената, музичарот е изненадувачки примерен родител.

Според Зое, која редовно се појавува на црвениот тепих во придружба на Лени, татко ѝ е прилично конзервативен: „Тој е стара школа. Многу е строг. - „Да, госпоѓо, да, господине; Дали денес ги заврши обврските?" ; Облеката ти е премногу кратка!"; или "Да, има забава со Мик Џегер и некои модели, но тебе ти е време за спиење" – Таква ни е комуникацијата.“

sami-se-grizhat-za-decata-slavni-mazhi-koi-se-samohrani-tatkovci-12.png

9. Еминем

Фановите на раперот знаат сѐ за неговата посветеност кон ќерќата Хајли, за која не само што зборува, туку и ѝ посвети песни. Денес таа е 22 годишна убавица. За време на нејзиното растење, Еминем и екс-сопругата Ким имаа заедничко старателство.

Тој ја посвои и нејзината внука Алијана, како и ќерката Витни, со чиј биолошки татко Ким го изневеруваше. Иако се разведени, музичарот ги доживува сите девојки како свои ќерки. Воедно, има добиено старателство и над неговиот помлад полубрат Нејтан, кој бил малтретиран од нивната мајка и пратен да живее во дом. Наместо да го гледа како се мачи, Еминем одлучил самиот да се грижи за него.

sami-se-grizhat-za-decata-slavni-mazhi-koi-se-samohrani-tatkovci-13.png

10. Двејн Вејд

Кошаркарската ѕвезда освои целосно старателство над неговите два сина, Заир и Зион, после тригодишна битка по судовите со поранешната сопруга. „Понекогаш мора да се бориш за да бидеш во животот на своите деца. Се бориш додека можеш. Тоа е сѐ што се трудев да бидам – татко на моите деца.“, порача кошаркарот.

За него, минувањето време заедно со момчињата, вреди повеќе од сѐ друго: „Не се работи за парите, туку за времето. Сакам да седам на масата спроти нив, па ако нешто не е во ред, веднаш да им помогнам.“. Подоцна, Двејн Вејд се прежени за актерката Габриел Јунион.

sami-se-grizhat-za-decata-slavni-mazhi-koi-se-samohrani-tatkovci-14.png

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg