„Ти си лош родител!“: Зошто оваа мајка предизвика бес во јавноста?

Младата блогерка ги налути дел од корисниците на социјалните мрежи, откако на Инстаграм сподели „непримерна“ слика на едно од четирите деца.

ti-si-losh-roditel-zoshto-ovaa-majka-predizvika-bes-vo-javnosta-1.png

Стиви Ники (27) од Австралија, предизвика бес и полемики во јавноста, затоа што објави фотка каде нејзиниот 4-годишен син си игра во штикли. Станува збор за млада мајка на четири деца, која го води и уредува забавниот семеен блог „My Tribe of Six".

Многумина ја осудија поради ваквата постапка, нарекувајќи ја лош родител, а ни самата не им остана должна на „хејтерите“ за одговор.

ti-si-losh-roditel-zoshto-ovaa-majka-predizvika-bes-vo-javnosta-2.jpg

На една жена што ја нападнала, обвинувајќи ја дека од детето ќе направи хомосексуалец, бидејќи му дозволува да носи облека за девојчиња, таа ѝ го напиша следното:

„Не, јас нема да го сторам тоа. Но, ако таков го создал Бог, мене ни малку нема да ми пречи. Она што ми пречи е вашиот заостанат начин на размислување, како и силната потреба гласно да ги искажете необразованоста, предрасудите и нетрпеливоста. Непрестано се прашувам зошто толку напаѓате, доколку едно момче сака да проба облека за девојчиња.“

ti-si-losh-roditel-zoshto-ovaa-majka-predizvika-bes-vo-javnosta-3.jpg

Ники смета дека родителите треба да им дозволат на малите момчиња да се „дотеруваат“ и „маскираат“, без оглед на тоа дали општеството се согласува, или, пак, не.

Додава и дека е корисно за машките деца да испробуваат женска облека и обувки, бидејќи така доаѓаат во допир со различни текстури, па низ игра го стимулираат и развиваат мозокот.

ti-si-losh-roditel-zoshto-ovaa-majka-predizvika-bes-vo-javnosta-4.jpg

Според неа, работите за девојчиња се генерално позабавни и постимулативни, одошто предметите предвидени за момчиња, кои честопати се досадни, сиви и безлични, пренесува Daily Mail.

„Децата учат и низ имитација. Повеќето од нив ги поминуваат првите неколку години првенствено со мајките, па логично е што посакуваат да ги пробаат чевлите кои ги носи мама, да стават накит на себе или да си го намачкаат лицето со шминка. Зошто момчињата не може да бидат нежни и внимателни? Зошто момчињата не смее да имаат шарени нокти, да се грижат за бебешка кукла или да туркаат мала количка?“

ti-si-losh-roditel-zoshto-ovaa-majka-predizvika-bes-vo-javnosta-5.jpg

Ова е прашањето што Стиви им го постави на сите поединци кои го осудуваат нејзиниот стил на воспитување.

Уште еднаш ги посоветува родителите да не им ја ограничуваат забавата на сопствените деца, дури и ако прават нешто кое не е „соодветно“ за полот. „Пуштете ги децата да бидат деца.“, заклучува таа.

ti-si-losh-roditel-zoshto-ovaa-majka-predizvika-bes-vo-javnosta-6.jpg

Наспроти добиените критики, постојат и луѓе што се сложуваат со размислувањата на младата мајка, па ѝ пружија поддршка на социјалните мрежи.

Експертот за родителство, Михаел Гросе, потврди дека децата на возраст под четири години се „полово неутрални“, па обично експериментираат кога си играат на ваков начин.

ti-si-losh-roditel-zoshto-ovaa-majka-predizvika-bes-vo-javnosta-7.jpg

„Многу момчиња само го копираат она што нивните мајки го прават. Дури на возраст од пет-шест години стануваат вистински свесни за сопствениот пол, па тогаш почнуваат повеќе да се вртат кон машката фигура во својот живот, барајќи ги од него понатамошните насоки.“

Имате ли став на оваа тема?

ti-si-losh-roditel-zoshto-ovaa-majka-predizvika-bes-vo-javnosta-8.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg