Зошто децата ни се нестрпливи, разгалени, досадно им е и немаат другарчиња?

„Децата денес се во катастрофална емоционална состојба. Поголемиот дел од нив доаѓаат на училиште емоционално неспремни за учење. Многу работи од модерниот живот ги носат до ваквата состојба“.

Zosto-decata-ni-se-nestrplivi-i-razgaleni-01.jpg

Ова се зборовите на терапевтот Викторија Прудеј, која според своето искуство забележува страшна и алармантна состојба кај денешните деца.

Таа ги охрабрува сите родители кои се грижат за иднината на своите деца да ги прочитаат нејзините совети и секако, да применат нешто од нив.

  • Викторија појаснува: „Со години работам како терапевт со деца, родители и наставници. Во потполност се сложува м со она што го тврдат учителите, дека нашите деца стануваат сè полоши и полоши во секој поглед. Постојано гледам пад во социјалното, емоционалното и академското функционирање на децата, и зголемен пораст на потешкотии кои се јавуваат при учењето и други дијагнози. Како што знаеме, мозокот е променлив. Согласно опкружувањето, можеме да го направиме посилен или послаб. И покрај нашите најдобри намери, цврсто верувам дека на жалост го менуваме мозокот на нашите деца во погрешна насока“.

Еве зошто се случува тоа:

ДЕЦАТА ГО ДОБИВААТ СЀ ОНА ШТО ЌЕ ГО ПОСАКААТ

„Гладен сум!“ – Мама веднаш ќе ти направи нешто за јадење, што сакаш? „Жеден сум“ – Сакаш вода или сокче? „Досадно ми е!“ – Еве, земи го мојот мобилен.

Способноста да го одложите задоволувањето на нивните потреби е клучно за нивното успешно функционирање во иднина.

Како родители имаме најдобри намери да ги направиме нашите деца среќни, но за жал ги усреќуваме само во тој момент, а ги правиме несреќни на подолги патеки.

Потребно е да го одложуваме нивното лично задоволство, за да ги научиме како да се соочат со стресот и неисполнетите желби.

Во спротивно, постојано ќе бидеме сведоци на деца кои викаат и беснеат бидејќи не го добиле во моментот тоа што го сакаат и кои не умеат да го прифатат одречното „НЕ“.

ОГРАНИЧЕНА ДРУШТВЕНА ИНТЕРАКЦИЈА

Поради многубројните обврски, често знаеме да им тутнеме мобилен или таблет на децата во раце за да ги смириме и на некој начин ги запоставуваме.

Факт е дека технологијата го заменува времето кое децата порано го поминуваа надвор во игра со другарчињата. Очигледно е дека напите деца заостануваат со поглед на социјалните интеракции, а технологијата уште толку ги отуѓува и оддалечува од сите.

Таа не може да им помогне на децата да ги развијат друштвените вештини или емоционалната интелигенција.

БЕСКОНЕЧНА ЗАБАВА

Создадовме свет исполнет со бескрајна забава за нашите деца. Не постојат досадни моменти. Во моментот кога настапува тишина, брзаме да им ги исполниме миговите со смеа, забава и игра. Чувствуваме дека тоа е дел од нашата родителска должност.

Тоа е како да живееме во два одвоени света. Ние го имаме нашиот „реален“ свет, а тие нивниот „забавен“ свет.

Зошто децата не ни помагаат во кујната со садовите или со алиштата? Зошто ретко ги собираат своите играчки? Тоа се такви „еднолични“ обврски но со нив мозокот се вежба да биде активен и да функционира за време на „досада“.

Кога доаѓаат на училиште и треба да напишат нешто, нивниот одговор е: „Не можам, тешко е, досадно ми е“. Зошто? Затоа што „мускулот“ за работа не се вежба со бесконечна игра и забава. Се тренира само со работни обврски.

РАЗВИЕНА ТЕХНОЛОГИЈА

Најчесто ја користиме технологијата како „бесплатна дадилка“. Но, оваа навика воопшто не е бесплатна. „Наплатата“ нè чека веднаш зад аголот.

Во споредба со виртуелната реалност, нормалниот живот им делува досадно на децата. Кога ќе стигнат во училницата се соочуваат со човечки гласови и нормална гестикулација, целосно спротивна на графичките „експлозии“ и специјалните ефекти кои се навикнати да ги гледаат на екраните.

По 1 час поминат во училницата на децата им станува прилично тешко да ја одржат концентрацијата, бидејќи приливот на информации и содржината која им се сервира е многу поразлична на она на коешто се навикнати во секојдневието.

ДЕЦАТА ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ

„Мојот син не сака зеленчук. Не сака да оди рано на спиење. Мрази појадок. Не сака играчки, ама одлично работи на iPad. Не сака сама да се облекува“.

Терапевтот потврдува дека ова постојано го слуша од родителите. Од кога децата ни го диктираат начинот на кој ги одгледуваме?

Да би правеле како што сакаат тие веројатно би се јадело само пица и чоколадо. Постојано би гледале телевизија и би играле на компјутер и никогаш не би отишле сами на спиење.

Какво добро им правиме на децата кога им дозволуваме да прават сè што сакаат и да се однесуваат како што сакаат, кога знаеме дека тоа НЕ Е ДОБРО за нив? Со ова воспитување им испраќаме многу погрешни пораки на децата. Тие учат дека може да прават сè што сакаат, а не мора да го направат она што не им е по волја.

На нашите деца им недостига концептот дека „нешто треба да се работи“. За да ги оствариме целите во животот, не секогаш треба да ги правиме само работите кои ги сакаме.

На пример, ако сакаш да бидеш одличен ученик, треба напорно да работиш. Ако сакаш да бидеш успешен фудбалер, балерина, треба да тренираш секој ден, колку и да не ти е дојдено до тоа.

Нашите деца можеби знаат што сакаат, но им е тешко да работат и да се посветат на остварувањето на целта. Тоа резултира со недостижни, неостварени цели и разочарување.

Се согласувате ли со наодите на специјалниот психотерапевт за развојот на денешните деца?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg