Строги правила за воспитување на децата кои славните родители ги применуваат

Многу славни ѕвезди ги носат нивните деца на големи настани, учејќи ги и охрабрувајќи да имаат активен социјален живот и да развијат свој бренд.

strogi-pravila-za-vospituvanje-na-decata-koi-slavnite-roditeli-gi-primenuvaat-01.jpg

Други славни родители пак, прават сè што е во нивна моќ за што подобро да ги заштитат децата од несаканото внимание на јавноста.

Тие исто така го ограничуваат нивниот пристап до социјалните мрежи и општо интернетот.

Иако многу од нив се обвинети дека се престроги во пристапот со децата, сепак луѓето ги интересира како ѕвездите ги одгледуваат децата.

Во продолжение погледнете неколку правила по кои дел од нив се водат:

Безбедноста на прво место

Кајли Џенер е млада мајка, а нејзината ќеркичка е многу мала за да следи правила, но сепак таа ги поставува правилата за оние околу детето. Кајли инсистира оние кои ја посетуваат Сторми да носат медицински маски за да ја заштити од бактерии. Можеби ова личи на екстремно, но ова правило важи за сите членови на семејството.

strogi-pravila-za-vospituvanje-na-decata-koi-slavnite-roditeli-gi-primenuvaat-02.jpg

Кортни Кардашијан е многу строга кога станува збор за безбедноста на децата. Покрај следењето на строги диети и водењето здрав живот, има некои работи и материјали кои смета дека треба да се избегнуваат. Таа никогаш не користи микробранова, бидејќи смета дека е штетно и дека така токсините од пластиката се испуштаат во храната, па затоа  јадењето го топли во рерна.

Кортни исто така избегнува памучна постелнина, па се грижи децата и целото семејство да спијат на свилени навлаки.

Навики за јадење

Кортни е позната по следењето на здравиот животен стил и неодамна го запозна семејството со строга диета без глутен, за која вели дека позитивно влијае на здравјето на децата. Исто така постојано има нови рецепти за смути со зеленчук, протеини и витамини.

strogi-pravila-za-vospituvanje-na-decata-koi-slavnite-roditeli-gi-primenuvaat-03.jpg

Гвинет Палтроу нема строги правила за исхраната, но инсистира на потребата од замена на брзата храна со нешто здраво. Таа им готви на децата секоја вечер и се труди да јадат органска храна и да избегнуваат преработена храна, вештачка и полна со хемикалии.

Џулија Робертс е исто така строг родител кога се работи за исхраната на децата и сите јадат само здраво. Благото е дозволено само во посебни пригоди, а тоа им помага на децата да си ја ценат наградата повеќе и да не стекнат навика за често јадење слатки.

strogi-pravila-za-vospituvanje-na-decata-koi-slavnite-roditeli-gi-primenuvaat-04.jpg

Рутина за спиење

Ким и Кортни Кардашијан сметаат дека децата треба да се научат да легнуваат во исто време секоја вечер, а Кортни користи некои ритуали кои им помагаат да се релаксираат дпред да заспијат и им чита три различни книги на сите деца.

Кортни не им дозволува на децата да користат телефони во кревет и наместо тоа се забавуваат гледајќи ѕвезди на таванот со помош на проектори, а таа седи со нив додека не заспијат.

strogi-pravila-za-vospituvanje-na-decata-koi-slavnite-roditeli-gi-primenuvaat-05.jpg

Бирање облека

Децата во семејството Кардашијан носат брендови, но исто така не е чудно да ја носат облеката на постарите браќа или сестри. На пример, Кортни понекогаш ја облекува нејзината ќерка во облека од нејзиниот син.

Бијонсе многу често го следи трендот на мајки и ќерки облечени исто, па често имаат ист аутфит со нејзината најстара ќерка Блу Ајви.

strogi-pravila-za-vospituvanje-na-decata-koi-slavnite-roditeli-gi-primenuvaat-06.jpg

Време поминато без електронски уреди

Џеј Ло има интересен трик за тоа како нејзините деца да не бидат зависни од електронски уреди. Таа одлучила дека во недела децата може да играат игри на компјутер и да седат на таблети, додека мајката одмара. Таа смета дека ова е многу ефективно, бидејќи во текот на неделата тоа не им е дозволено и мора да работат напорно за во недела да си го „заслужат“ нивното време.

strogi-pravila-za-vospituvanje-na-decata-koi-slavnite-roditeli-gi-primenuvaat-07.jpg

Бред Пит и Анџелина Џоли пак отишле до крајност и најмиле тим за безбедност на интернет кој следи што прават децата кога се онлајн, додека пак Меган Фокс, целосно го забранува пристапот до социјални мрежи.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’ „Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме д...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Децата не се наша сопственост - Нахранете ги, образувајте ги и пуштете ги Кога ќе се уверат дека ги научиле сите лекции, децата си заминуваат, а ние остан...
Не ги плашат со Баба Рога: Како Јапонците ги воспитуваат децата секогаш да бидат мирни и учтиви? На нивниот начин на вопитување се воодушевува целиот свет. Јапонците не се служа...
25 позитивни фрази кои секој родител треба да им ги кажува на децата пред спиење „Раскажи ми за својот ден, сакам да слушнам како си помина“, „Ме расположуваш се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg