„Тортура“ за која родителите плаќаат - Масерка лекува бебиња држејќи ги само за глава


„Тортура“ за која родителите плаќаат - Масерка лекува бебиња држејќи ги само за глава

Дали би дозволиле вашето бебе да биде подложено на ваков ризичен третман?

masaza-ili-tortura-bebinja-visat-za-glava-vo-imeto-na-zakrepnuvanjeto-video-01.jpg

Првото правило кога имате работа со мало бебе е да бидете нежни со него и да му обезбедувате потпора на главата.

Но, Larissa Orynbasarvna е масерка од Казахстан која има сосема поинаков пристап. Таа веќе 11 години има сертификат за масер и користи неконвенционален метод на лечење на децата со некакви неправилности во развојот.

masaza-ili-tortura-bebinja-visat-za-glava-vo-imeto-na-zakrepnuvanjeto-video-03.jpg

Тие висат додека таа ги држи за рацете, нозете, главата и тврди дека на овој начин им помага. Третманот изгледа бизарно и болно, но тврди дека има ефект. „Масажата“ трае 15 минути и изгледа многу небезбедно.

masaza-ili-tortura-bebinja-visat-za-glava-vo-imeto-na-zakrepnuvanjeto-video-02.jpg

Докторите велат дека масажата е добра за воспоставување врска со вашето бебе, но дека тоа треба да се прави сосема нежно и ритмично. Како дел од рутината треба нежно да ги размрдувате прстите и зглобовите на вашето бебе додека тивко му потпевнувате за да му дадете чувство на смиреност и безбедност.

Сосема спротивни од ризичниот третман на Larissa:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како се дои бебето што го родила сурогат мајка? Само затоа што не ги донеле на свет нивните деца, не значи и дека мајките не мож...
Доење во јавност: Има и поголеми проблеми од една гола града, не?! Не можам да сфатам која е таа потреба да земеш и да го доиш детето во јавност? П...
Остави ме да згрешам - така се учи во животот Неизбежно е да живееш во македонското општество, а притоа да не бидеш подлежен н...

Најчитани неделава