„Тајните“ на холандските родители заради кои нивните деца се прогласени за најсреќни на светот


„Тајните“ на холандските родители заради кои нивните деца се прогласени за најсреќни на светот

Според УНИЦЕФ, Холандија е прогласена за земја во која децата се најсреќни. 

tajni-za-holandskite-roditeli-zaradi-koi-nivnite-deca-se-proglaseni-za-najsrekjni-na-svetot-001.jpg

Почитта и грижата за нивото на нивното здравје, безбедноста, желбата за учење и многу други фактори се причини за тие да бидат карактеристични како најсреќни деца во светот.

Скромните Холанѓани велат дека не постојат посебни тајни за одгледување на нивните деца, но сепак тие имаат огромна улога во тоа.

Затоа, ние ги споделуваме работите по кои родителите во Холандија се карактеризираат, со што можеби придонесуваат за нивниот успех – нивните деца да бидат најсреќни во светот.

Погледнете дел од нив, можеби ќе ви бидат од корист и вам да направите некои промени:

Тие не бираат помеѓу семејство и кариера

Ако жената оди на работа веднаш по породувањето, никој нема да ја нарече лоша мајка.

Мајките во Холандија немаат чувство на вина за тоа што нецелосно им обрнуваат внимание на децата.

Многу често тие работат на скратено работно време или бараат флексибилен распоред за да се приспособат со времето кога детето завршува со градинка или училиште и слично.

Татковците пак се вклучени во воспитувањето на децата исто колку и мајките. Тие не сметаат дека менувањето пелени или подготвувањето оброк е женска работа, за разлика од мажите во други земји низ светот.

Родителите сакаат да поминуваат време со децата, целото семејство заедно појадува, руча и вечера, но не сметаат дека не треба да се одвојат од нив ниту пола ден.

Доколку пак децата се разболат, родителите исто така земаат боледување, но доколку е потребно, не се срамат да побараат некој друг да ги причува децата, ако мора да одат на работа.

tajni-za-holandskite-roditeli-zaradi-koi-nivnite-deca-se-proglaseni-za-najsrekjni-na-svetot-02.jpg

Не бараат да бидат идеални

Родителите во Холандија ги препознаваат своите недостатоци и не се обидуваат да стават маска за да бидат идеални личности пред децата.

По истите принципи ги учат и нивните деца, а таму нема да слушнете фраза како „Не си се трудел доволно/Можеше подобро/Детето на комшиите е подобро“ и слично.

Не ги казнуваат децата за неуспехот и не сметаат дека некој треба да биде идеален на секое поле, но исто така и не ги издигнуваат до небо по нивниот успех.

Тие не се хипохондрици

Родителите во Холандија не паничат за секоја прашинка која ќе дојде во допир со нивните деца, не се јавуваат на доктор за секоја ситница и не ги тераат децата да водат строги диети.

На игралиштата може да се најдат високи скали и лизгалки каде децата си играат, а родителите не се потресуваат.

Не им забрануваат на децата да го истражуваат светот околу нив, туку од најмала возраст ги учат да бидат безбедни и независни – да поминат улица безбедно сами или да возат велосипед на секакви временски услови и слично.

tajni-za-holandskite-roditeli-zaradi-koi-nivnite-deca-se-proglaseni-za-najsrekjni-na-svetot-03.jpg

Не очекуваат од децата да се однесуваат како возрасни

Во голем број кафулиња, игротеки, паркови и други локали низ Холандија се слуша врева од деца, но никој не се жали и не бара да се смират.

Никој не ги осудува децата што си играат и викаат и никој не очекува од нив да бидат сериозни личности.

Тие имаат право да бидат активни, љубопитни и да прават како што чувствуваат дека им е најдобро, па затоа никој не ги кара ниту кога ќе ги искинат панталоните или ќе добијат лоша оцена.

Родителите им ја даваат слободата која им е потребна на децата, а ако тие се расплачат, никој нема да им вика, туку смирено ќе видат каде е проблемот и ќе помогнат да се реши.

tajni-za-holandskite-roditeli-zaradi-koi-nivnite-deca-se-proglaseni-za-najsrekjni-na-svetot-04.jpg

Не трошат многу пари на привремени работи

Родителите во Холандија му пристапуваат на шопингот најрационално што можат. Дури и семејствата со добра финансиска состојба нема да купат скапи и непотребни нешта.

Сите знаат колку брзо децата ги кршат и надраснуваат играчките и облеката, па купувањето на втора рака таму е сосема нормално.

Се радуваат на мали задоволства и го ценат семејството

За Холанѓаните, семејните традиции и домашниот комфор се многу важни, а се водат по многу строги распореди.

На приемр, туристите велат дека после 18 часот ретко може да се види дете на улица, бидејќи тоа е време кога семејството се собира за вечера.

Тие сакаат да јадат вкусна храна бидејќи знаат дека добриот оброк го подобрува расположението, па затоа многу родители подготвуваат сендвич со чоколадни трошки за појадок.

tajni-za-holandskite-roditeli-zaradi-koi-nivnite-deca-se-proglaseni-za-najsrekjni-na-svetot-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тајни за вашето дете кои наставниците може да ги знаат, а вие не Иако вие сте му најблиски на вашето дете, сепак тоа може да скрие некоја тајна о...
За сите самохрани родители - по еден трофеј ќе ве молам! Судбината понекогаш знае да зададе удари под појасот и деца да бидат осудени на ...
5 лекции на кои мора да ги научите децата кога се работи за пари Овие разговори во моментов можеби нема да им бидат по ќејф на вашите деца, но би...

Најчитани неделава