Правило на 3 минути: Како соодветно да го поминувате времето со вашето дете?

Гледано од технички аспект, по работа, сигурно ви се потребни минимум 30 минути да подготвите ручек за детето, околу 15-20 минути да му прочитате книга и еден момент за да го бакнете пред спиење.

pravilo-na-3-minuti-kako-soodvetno-da-go-pominuvate-vremeto-so-vasheto-dete-01.jpg

Но, според експертите, покрај сите овие периоди, постојат 3 минути, кои за детето ќе бидат многу поважни во текот на целиот ден.

Па, во продолжение дознајте што е тоа правило, како се спроведува и зошто е важно за разбирањето и добриот однос со вашето дете.

Значење на правило на 3 минути

Правилото е секој пат кога ќе се видите со детето да се однесувате како да не сте се виделе долго време (иако можеби поминале само неколку часа), за детето да се чувствува важно во вашиот живот, а не како ништо да не ви сменило што го гледате, додека сте замислени во нешто друго.

Важно е да му обрнете внимание на детето и да му дадете 3 минути за прегратка и да го прашате што се случувало додека ве немало.

Бидете фокусирани само на него и не го игнорирајте, бидејќи во тој момент детето само сака да сподели импресии, што можеби подоцна нема да сака.

pravilo-na-3-minuti-kako-soodvetno-da-go-pominuvate-vremeto-so-vasheto-dete-02.jpg

Зошто е важно правилото?

Според психолозите, првите неколку минути од средбата, вашето дете ги искажува речиси сите информации кои му останале во сеќавање.

Последиците од игнорирањето на ова правило на 3 минути зависат од карактерот на детето.

Во секој случај, потрудете се во првите 3 минути, да му дозволите на детето да каже сè што му се случувало додека сте биле раздвоени и внимателно слушајте го, притоа игнорирајќи сè останато околу вас.

pravilo-na-3-minuti-kako-soodvetno-da-go-pominuvate-vremeto-so-vasheto-dete-03.jpg

Дополнителни препораки

Важно е да запомните дека ова правило не значи дека треба да поминете со детето само 3 минути на ден.

Само бара од вас во првите 3 минути целосно да се посветите на него и на сите важни работи кои има да ви ги каже, за да оставите добра импресија пред детето.

pravilo-na-3-minuti-kako-soodvetno-da-go-pominuvate-vremeto-so-vasheto-dete-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Не сака да се дружи со деца, бега од врева - Дали и вие имате високо сензитивно дете? Вашето дете ги покрива ушите и му пречи врева, реагира на сѐ што е ново, ги забе...
Како да го намалите времето поминато пред екран кај вашите деца? Лето-зима, приказната е иста, си доаѓате дома, а вашето дете уште не влезено дом...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg