Од перспективата на една свекрва - како треба да бидеш добра снаа?

Свекрвите го возвраќаат „ударот“. Една од нив решила да проговори во свое име, но веројатно многумина ќе се пронајдат во напишаното.

Od-perspektivata-na-edna-svekrva-kako-treba-da-bides-dobra-snaa-01.jpg

„Како жена со вистинско искуство решив да реагирам на она што постојано се пишува на интернет во врска со свекрвите.

Со цел односот снаа-свекрва да се подобри и јас одлучив да напишам листа на работи за кои снаите би требало да се придржуваат“.

Не ми кажувај „Секогаш си добредојдена“

Доколку не го мислиш тоа, не кажувај го. Никогаш не мислев дека треба да договорам состанок да го видам своето дете или внуците, но доколку закажувањето средби го подобри нашиот однос, ќе почнам да го правам тоа.

Знам, сфаќам дека е непристојно да се отиде кај некого дома без најава, но од некоја причина, вие никогаш не се јавувате на телефон. Ете така.

Јавувајте се на проклетиот телефон

Јас не сум некој кој се обидува да ви продаде нов тепих или да ви понуди нова телефонска претплата. Јас сум мајка на твојот сопруг, баба на твоите деца.

Можеш да ми покажеш грам почит со тоа што само ќе го кренеш телефонот и ќе ми кажеш: Извини, не можам да разговарам сега, имам многу работа.

И ќе разберам.

Ги обожавам внуците, но не сум вечна и бесплатна градинка

Спротивно од она што вие го мислите со мојот син, јас имам свој живот. Доколку сакате да ви ги чувам децата, прво мора да ме известите, со цел да го променам својот план и распоред.

Доколку очекувате да го почитувам вашето време и простор (како под точка 1), и јас ја очекувам истата пристојност од ваша страна.

Ветувам дека ќе кренам на телефон кога ќе ми заѕвоните.

Однесувај се како возрасна личност, не зборувај зад мојот грб

Сигурна сум дека мојот син не сака да биде помеѓу два огна, како што не би сакала ниту ти, па доколку имаш проблем со мене, охрабри се и дојди да разговараме.

Пасивното-агресивно однесување е сепак агресивно (и непристојно)

Те молам немој да ми делиш комплименти колку убаво изгледа мојата куќа, а потоа да додадеш коментар како би сакале да имате повеќе време за уживање и одмор со син ми и децата, наместо да чистите.

Имате мали деца. Јас немам, јас моето го поминав. Тоа е прилично едноставен концепт.

Мојата куќа нема цел да те опоменува за твоите вештини во домаќинството. Секоја куќа си е за себе.

od-perspektivata-na-edna-svekrva-kako-treba-da-bides-dobra-snaa-02.jpg

Не купувај ми облека или предмети, доколку драстично се разликуваат од моите

Не е убаво да се дава коментар на подароци, но мислам дека е прилично јасно дека двете купуваме на драстично различни места. Не сум сигурна каде точно припаѓаат тие сувенири кои ми ги носите, но секако не во мојата кујна.

Тоа се мои пари и моја работа е каде ќе ги потрошам истите

Доколку сакам да ги опсипам внуците со подароци, тоа е затоа што ги сакам и имам можност да го направам тоа.

Сакам син ми да има среќен брак, но треба да знаеш дека јас сум мајка

И секогаш ќе бидам мајка. Ако поради смрт, развод или напуштање вие двајца се раздвоите, јас ќе бидам таа која ќе биде тука да ги собере парчињата од уништеното.

Вашите деца ќе пораснат еден ден, а тогаш ќе сфатиш за што зборувам.

Сфаќаш дека јас сум го родила човекот за кој ти се одлучи да се омажиш, нели?

Можеби не ги разбирам трендовите во модерното родителство и психолошките истражувања на темата, но според твојата одлука да се омажиш за мојот син, значи дека мора да сум направила нешто добро.

Не мораш да го осудуваш секој мој збор и прости ми доколку сум претерала со советите, но имам години и години искуство. Нешто од тоа мора да вреди.

Можеби не е лошо одвреме-навреме да послушаш некој од нив.

Спротивно на она што го мислиш, не се обидувам да те контролирам или осудувам

Само сакам мојот син да биде среќен и да има добар живот, а истото го посакувам и за тебе и за внуците. Мојот син е твој сопруг, но тој сè уште е нечиј син, брат, вујко, внук и татко, сè во едно.

Мораш да го делиш со другите, без разлика дали тоа ти се допаѓа или не. Можеш да бидеш поразбрана на таа тема. Јас научив дека морам да бидам.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...
6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg