Една од 5 мајки верува дека имала дете „предоцна“ во животот

И во Македонија тренд е жените да стануваат мајки сè подоцна во животот, но која возраст се смета идеална за раѓање на првото дете?

edna-od-5-majki-veruva-deka-imala-dete-predocna-vo-zhivotot-01.jpg

Едно ново истражување направено на 2.000 мајки откри дека многу од нив жалат што немале дете помлади. Една од 5 мајки верува дека имала дете „предоцна“ во животот.

Половина од нив сметаат дека се борат за да го одржат темпото околу нивните деца поради нивните години. Тие сметаат дека би се справувале подобро со предизвиците на мајчинството ако се реализирале во улогата на родител порано.

15 проценти од нив пак би сакале да бидат млади доволно за некогаш во животот некој да помисли дека му се сестра на своето дете, а не мајка.

edna-od-5-majki-veruva-deka-imala-dete-predocna-vo-zhivotot-03.jpg

Според истражувањето, возраста од 26 години е дефинирана како совршено време за да се стане мајка. И заклучокот е дека иако има многу предизвици да се биде млада мајка, сепак голем е бројот на предности ако го сторите тоа порано.

На овој начин полесно ќе ги споделувате искуствата со своето дете и ќе имате повеќе енергија за заедничките активности, тврдат истражувачите.

Според истражувањето, возраста од 38 години за прво дете е дефинирана дека ве прави „стара мајка“.

Но, модерните трендови се мајките да имаат деца сè подоцна и подоцна во животот.

edna-od-5-majki-veruva-deka-imala-dete-predocna-vo-zhivotot-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
„Мајка ми не трчаше на лекар за секоја ситница, не ѝ паѓаше на памет да ме штити од наставниците“: Р... „Нашите мајки не се плашеа толку за нас. Денес - дои го детето до трето одделени...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg