Што мора да научат денешните мајки од бабата која имала 11 деца?

Откако го родила своето прво дете и подлегнала на типичните, всушност, модерни мајчински стресови, една мајка решила да го праша својот татко за совет. Тој имал мајка која родила 11 деца и речиси никогаш не изгледала како во секој момент да ќе „прегори“ од стрес.

sto-mora-da-naucat-denesnite-majki-od-babata-koja-imala-11-deca-001.jpg

Како е тоа можно, го прашала, а тој со мирна душа ѝ дал одговор кој секоја мајка треба да го запамети:

„Таа никогаш не се нервираше ни половина од тоа што вие се нервирате, модерни мајки!

Таа не морала да оди во банка секој ден, не морала секој ден да оди да пазари храна за да има голем избор, таа не ни знаела, ниту сакала да се нервира околу работите за кои вие се тресете.

На неа, како и на многу мајки пред неа, никогаш не им било важни нивните бебиња да го достигнат секој развоен чекор во одредено време.

Таа едноставно ги растела своите деца уживајќи со нив и нивното друштво. Уживала и во себе и во одморот кој колку-толку можела да си го дозволи додека децата не биле околу неа.“

Споредувајќи го животот на оваа мајка на некогаш 11 мали деца, „модерната мајка“ се надоврзува:

„Многу од нас денес, да ставиме рака на срце, не уживаат со нашите деца и сите сме само половично посветени на нивниот развој. И тоа не затоа што ги сакаме помалку, туку затоа што сме под притисок за многу други работи, само за да им го овозможиме она што е најдобро за нив, заборавајќи дека повремено ги игнорираме нив, па и самите себе.

Денешните мајки се трудиме да бидеме толку совршени – супер мајки, супер доилки, сакаме да изгледаме совршено, да одиме во продавница, да трчаме во теретана, да плаќаме сметки, да готвиме органска храна, да се нервираме бидејќи немаме време да ја средиме фризурата и да ги сокриеме белите влакна и буквално се плашиме да не ги нахраниме децата со брза храна за секако – да не бидеме осудени од другите супер-мајки.

И што добиваме со таа постојана трка да бидеме најдобри што можеме?

Добиваме нервоза поголема од било кога, иако сето тоа го правиме за нашите деца.

Ууште неколку реченизи на мојот татко ќе ги запаметам добро:

Постојано сте тука негде, но секаде сте само половично. Потоа се чудите што децата и партнерите не ве доживуваат и гледаат како претходно. И тие ве слушаат само половично, бидејќи среде долгата реченица малку по малку се исклучуваат, а всушност само ви враќаат за начинот на кој вие се однесувате кон сите.

Не може да биде повеќе во право.“

Извор

Би можело да ве интересира:

„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg