15 работи кои ќе ги разберат само девојките кои имаат сестра
-->
Само сестрите знаат како изгледа да имате личност која истовремено ви оди на нерви и ја сакате најмногу на целиот свет.
Секако, и помеѓу брат и сестра или браќа има голема поврзаност, но овојпат се фокусираме на сестрите и на нивните заеднички работи.
-->
Во одредени ситуации може да се пронајдат само девојките кои имаат сестра, независно дали станува збор за менување облека, правење откачени работи или нешто „подмолно“.
Работи во кои ќе се пронајдат само сестрите:
Правите работи само за да ја изнервирате, без посебна причина
Поголемата сестра никогаш не дозволува некој да ја повреди помалата
Имате посебно време во кое двете се разубавувате како да сте во салон
-->
-->
Ја делите гардеробата, а кога едната ќе забрани нешто, скришно ги земате тие парчиња
-->
Се потпирате на нејзините модни совети дури и кога не е тука бидејќи си ја знаете цела облека
Секогаш се карате која прва ќе влезе во бањата
-->
Сигурно понекогаш го излудувате вашиот татко
Косата може да биде најдобро оружје (но не сериозно)...
Секоја вечер ви е „sleepover“
Си ги знаете најгрозните тајни една за друга
Имате со кого да ги делите здодевните моменти
Помалите сестри секогаш сакаат да се дружат со постарите и нивното друштво
Имате магична способност да претпоставите кога сестрата е во неволја дури и ако не каже
Се поддржувате и браните пред родителите за грешките и бељите
Може да сте целосно различни светови, но сепак да имате многу заедничко и да не можете една без друга
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Секој родител треба да прочита: 5 работи за кои никогаш не смеете да им се потсмевате на вашите деца
Нема потреба од коментари како: „Малото мамино прасенце“, „Каде е татината буцка...
„Се грижам за децата и сите обврски во домот, а навечер работам - сопругот смета дека не заслужувам ...
„Се грижам за трите деца и сите обврски во домот. Кога ќе си легнат, работам нек...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно
Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга
На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
6 работи на кои треба да обрнете внимание ако првпат патувате со бебе
Планирате да патувате некаде, но овојпат со еден член плус? Тогаш сигурно ве мач...
Тест за бременост – 10 работи што треба да ги знаете пред сами да се тестирате
Зошто не треба да пиете премногу течности пред да направите тест на бременост? З...