5 лаги во кои верував кога станав мајка

Кога по првпат ќе родите дете, па преплавени сте од новите чувства, како и родителската улога, можно е низ главата да ви поминат мисли кои се потполно невистинити.

5-lagi-vo-koi-veruvav-koga-stanav-majka-1.png

„Да бидеме искрени. Првите недели и месеци со бебето може да бидат прилично хаотични. Сите знаеме дека ова е вистина, ама од некоја причина, мноштво мајки ја премолчуваат, како би ја истакнале убавината на животот со новороденчето.“

Вака започнува емотивната исповед на мајката, во чии зборови ќе се препознаат мноштво припаднички на понежниот пол. Во колумната што ја објави магазинот Motherly, таа открива дека низ главата ѝ поминувале разни песимистички мисли, кои биле сосема невистинити.

5-lagi-vo-koi-veruvav-koga-stanav-majka-2.jpg

Ако и самите моментално се наоѓате во ова раздобје, направете си услуга и продолжете да читате. Ова се петте лаги во кои веруваат мнозинството жени кога ќе станат мајки:

1. „Никогаш повеќе нема да спијам.“

„Физички е невозможно мајката никогаш да не спие, или, пак, засекогаш да се носи со распоредот околу бебето. Фазата со новороденчето е баш тоа – само фаза. Во даден момент, твоето бебе ќе почне да спие. Истото важи и за тебе. Ќе дојде време кога двајцата ќе спиете цела ноќ и ќе се разбудите свежи. Запомни дека нема засекогаш да биде вака!“

5-lagi-vo-koi-veruvav-koga-stanav-majka-3.jpg

2. „Никогаш повеќе нема да патувам или правам било што забавно.“

„И мајките се луѓе. Да, потребно ќе биде да поминеш некое време дома и во близина на домот. Но, ќе дојде и време, дури и побрзо одошто мислиш, кога повторно ќе можеш да ги правиш сите забавни нешта. Повторно ќе излезеш на вечера или на журка. Повторно ќе патуваш и ќе имаш нови авантури. Повторно ќе се чувствуваш како старата ти. Сериозно – твоите денови на забава не се завршени.“

5-lagi-vo-koi-veruvav-koga-stanav-majka-4.jpg

3. „Моето тело е уништено.“

„Сега телото ти изгледа како полна вреќа компири. На лицето имаш огромни подочници. Се чувствуваш како никогаш повеќе да не ќе можеш нормално да седиш без ледени облоги. Епа, ќе можеш! Неверојатно е колку телото ни се менува поради нашите бебенца. Ама, уште поневеројатно е како сѐ си се враќа на старото место. Можеби нема да изгледаш идентично како пред породувањето, но со малку труд, ќе изгледаш речиси исто како порано. Само биди трпелива.“

5-lagi-vo-koi-veruvav-koga-stanav-majka-5.jpg

4. „Никогаш повеќе нема да бидеме сами.“

„Бебињата не го окупираат само нашиот дом, туку и нашите спални соби. И ова е само привремено. Твоето бебе ќе се пресели во свој простор со тек на време. Ќе почне подолго да спие, како дење, така и ноќе. А, еден ден ќе тргне и во градинка и на училиште. Не се откажувај лесно од заедничкото време со партнерот.“

5-lagi-vo-koi-veruvav-koga-stanav-majka-6.jpg

5. „Никогаш повеќе нема да излезам од облекава или од дома.“

„Кога првпат ќе родиш дете, се чувствуваш како секогаш да си во една иста облека. Стари крпи покриени со куп дамки. Без грижа – твоите денови во тренерки и хеланки, како и постојано перење алишта – се изброени. Еден ден во блиска иднина, пак ќе почнеш убаво да се облекуваш, да се шминкаш и да го покориш светот. Ти ветувам!“

5-lagi-vo-koi-veruvav-koga-stanav-majka-7.jpeg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Колку вода треба да пиете додека доите за да спречите дехидрирање? Колку вода треба да пиеме додека доиме? Дали сме испиле премногу или премалку те...
До бабите и дедото што откажуваат планови и ни го чуваат детето како свое – ви благодарам Писмо до нашите родители - до бабите кои скришно ги откажуваат закажаните планов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg