Практични лекции од родителите кои знаат како да ги направат децата независни уште од мали

Кога кажуваме животни предизвици, секако не мислиме на некои сериозни предизвици, бидејќи станува збор за деца.

praktichni-lekcii-od-roditelite-koi-znaat-kako-da-gi-napravat-decata-nezavisni-ushte-od-mali-01.jpg

Но сепак, до одредена возраст, некои ситници за нив се голема работа, па така треба да бидат подготвени и да научат некои работи уште од дома.

Со цел да оставаат впечаток на културни, паметни и воспитани деца, вие сте тие кои треба да им обрнете внимание уште од почеток и да ги научите на некои работи.

Нема да ви биде тешко да одвоите малку време за вас и вашето дете и да ја употребите креативноста за да се забавувате и учите истовремено.

Овие трикови ќе ви бидат од голема корист, независно дали станува збор за домашни обврски, одговорност, грижење за себе или за школски работи, а можете да почнете уште веднаш да ги применувате еден по еден.

Тестирани и практични лекции за вашето дете да стане понезависно уште од најмала возраст:

Како да ги држат правилно ножиците

Многу деца ги држат обратно ножиците бидејќи забораваат како е правилно, па за да не грешат и да не ја криват раката со што може да се повредат, нацртајте смајли на палецот кое ќе биде правилно поставено само кога раката ќе биде рамна и ќе му се смее во лице.

praktichni-lekcii-od-roditelite-koi-znaat-kako-da-gi-napravat-decata-nezavisni-ushte-od-mali-02.jpg

Самодисциплина

  • Земете лист А4 формат и поделето го на пола по должина
  • Поделете го на 4-5 дела и на долната половина направете вертикален засек покрај секој дел како на сликата
  • Наредете сликички или напишано со текст домашни обврски во горниот дел
  • Најгоре и најдоле во секој дел ставете лепенки
  • Одзади нацртајте штикла која ќе симболизира дека задачата е завршена

Залепете го тоа во собата на детето и секојдневно ќе треба да ги заврши утринските должности и да го сврти нагоре долниот дел кога задачата ќе биде завршена, што ќе му носи задоволство и навика.

praktichni-lekcii-od-roditelite-koi-znaat-kako-da-gi-napravat-decata-nezavisni-ushte-od-mali-03.jpg

Врзување врвци на чевли

Да го научите детето да си ги врзува само чевлите не е лесен предизвик, но тоа не значи дека треба постојано вие да го правите тоа, бидејќи мора да стане независно.

За полесно да го научи ова, нацртајте чевли на еден картон, направете дупчиња и ставете врвци, за детето да може постојано да вежба врзување, без да прави неред со чевлите низ домот, а истовремено и ќе се забавува додека учи.

praktichni-lekcii-od-roditelite-koi-znaat-kako-da-gi-napravat-decata-nezavisni-ushte-od-mali-04.jpg

Закопчување копчиња на облека

Иако можеби изгледа смешно, сепак за помалите деца е тешко и закопчувањето на копчиња.

Слично како со врзувањето чевли, може да нацртате некое животинче со долг врат, залепете копчиња и ставете материјал со дупче како на сликата, а детето ќе вежба закопчување каде и да е.

praktichni-lekcii-od-roditelite-koi-znaat-kako-da-gi-napravat-decata-nezavisni-ushte-od-mali-05.jpg

Броење

Основата на математиката односно броењето, може да се научи со коцки во боја.

  • Направете картички од лист и напишете на нив бројки.
  • На секое ливче, нацртајте кула во бои со соодветен број на коцки според напишаната бројка.
  • Задачата на детето ќе биде со вистински коцки да ја повтори истата кула како на картичката.

praktichni-lekcii-od-roditelite-koi-znaat-kako-da-gi-napravat-decata-nezavisni-ushte-od-mali-06.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Како да го намалите времето поминато пред екран кај вашите деца? Лето-зима, приказната е иста, си доаѓате дома, а вашето дете уште не влезено дом...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg