Вистината што никој не ви ја кажува: Како е да се биде без деца во 40-тите?

Емотивна исповед на една 46-годишна жена: „Зошто јас морам да слушам за роденденот на нивното дете, а тие не можат за моето егзотично патување?“

vistinata-shto-nikoj-ne-vi-ja-kazhuva-kako-e-da-se-bide-bez-deca-vo-40-tite-01.jpg

Една 46-годишна жена без деца напиша емотивна исповед за магазинот Huffington Post:

„Пред многу години седев во кафуле по работа и пиев коктели со пријателките, кога една од нив покажа кон маж до дете во рацете и праша: „Зошто има потреба да носи дете во кафуле?“

„Да. Зошто воопшто се одлучил да има дете ако му се шета уште?“, кажав јас и сите се смеевме.

Тогаш моите пријателки беа кон крајот на 20-тите  години и децата им изгледаа како далечна иднина.  Јас бев на почетокот од 30-тите, но неодамна разведена, и почнав да мислам дека не сакам деца, не сакав тогаш, а можеби и воопшто.

Сепак, мојот биолошки часовник започна да отчукува толку силно што можев дури да го слушнам кога танцував на латино музика на диско подиумот. Кога наполнив 41 година, па до 43 се обидував со моето момче да забременам. Ги држев нозете во воздух по секс, одев на докторски прегледи, но времето минуваше, а тестот за бременост никогаш не се покажа позитивен.

Звучи тажно, нели? Беше, но само делумно. Јас не бев тип на жена која ќе се чувствува некомплетно без дете.

Не сакав ниту посвојување, ниту оплодување по вештачки пат. Немав сила за такви „херојски“ потези, па сфатив дека најверојатно не сакам деца доволно.

Сепак, сè уште малку жалам што не се изреализирав како мајка и што пропуштив многу работи. Моите пријатели добија деца и тоа на моменти го чувствувам дури како предавство. Да, предавство. Им завидувам малку.

Сите тие безгрижни години без деца што ги имавме како да се заборавени за нив. Слободата, излегувањата и забавите, ми недостига тој стил на живот. Да, знам, знам... Сега сме во друга фаза на животот. Сега тие продолжија понатаму. Никој не ми вети дека ќе остане без деца засекогаш.

Фер е. Но, некако верував дека и покрај различните животни стилови ќе си разменуваме искуства за тоа каков е животот кога ќе направите драстично различни животни избори.

Кога вашите пријатели ќе добијат деца, а вие не, не постои мапа за теренот на кој ќе наидете. Тие престануваат да доаѓаат на забавите со коктели, ве канат на нивните собиранки, кои за вас не се забавни, средбите не се доволно долги за да имате значајни разговори, затоа што секогаш децата се приоритет.

vistinata-shto-nikoj-ne-vi-ja-kazhuva-kako-e-da-se-bide-bez-deca-vo-40-tite-02.jpg

Кога сте родители ќе превртувате со очите, но ќе си речете тоа е животот сега. Но, кога немате деца како мене, тогаш ќе го презирате тоа. Знам дека тие се мали брилијантни и убави суштества, но тие се деца. Јас те сакам тебе мој пријателу, а не овие мали луѓе со милион барања.

Прифатливо е тие да се жалат за родителството и за изгубената слобода, дека имаат брчки и се ненаспани и да ги обвинат децата за хаосот во домаќинството, а потоа да кажат дека сепак не би го менувале својот живот за ништо на светот и дека се среќни без разлика колку е хаотичен.

Но, за нас, луѓето што немаме деца, не е баш прифатливо да се фалиме со нашите егзотични одмори, мирни ноќи во домот и со нашите чисти дневни соби со префинети кршливи предмети. Не смееме со ентузијазам да зборуваме за активноста која нашите пријатели со деца повеќе не можат да ја прават и мора да ги прифатиме нивните сомнителни погледи кон нас кога пронаоѓаме среќа во за нив безначајни работи.

Се разбира, тие потајно ни завидуваат на слободата. Која мајка не би сакала да ги остави децата на кратко и да појде на безгрижен викенд на плажа? Но, како уживањето во животот вреди повеќе од мајчинството и нејзиниот син што раѓа среќа само со своето постоење?

Искрено, за мене родителството изгледа малку како измачување. Мојот живот е многу поинаков и тоа на начин на кој сакам да биде. Всушност, уживам што немам деца. Живеам авантуристички живот, кој го обожавам, и за кој родителите мора да чекаат најмалку 18 години за да му се вратат.

Ги следам своите страсти, градам бизнис и правам значајни спомени. Уживам во читање убава книга на каучот и во прегратките со партнерот.

Па, како да се најде заеднички јазик на средовечна жена без деца и нејзините пријатели кои станале родители? Возрасни сме. Животот се менува. Јас се навикнувам на помалите улоги во животот на пријателите. Минувам повеќе време со моите пријатели без деца или пак со разведените пријатели со деца.

Сега, имам 46 години и знам дека нема да станам мајка. Понекогаш само, како на првиот роденден на внук ми или кога првпат го фатив новороденото синче на пријателка ми, ми се јавува мала празнина и се прашувам дали некогаш ќе се каам.

Но, не се каам сега. Нема да се каам.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg