Навики од кои родителите мораат да се ослободат најбрзо што можат

Децата не доаѓаат со упатство за употреба и поради тоа, секој нов ден за родителите е и нова лекција за тоа како да бидат подобри во таа улога.

naviki-od-koi-roditelite-moraat-da-se-oslobodat-najbrzo-shto-mozhat-01.jpg

Понекогаш се прават и грешки, што е сосема нормално, сè додека родителот е свесен за нив и ги коригира во иднина.

Ова се пет навики од кои секој родител треба да се обиде да се ослободи што поскоро:

Зборување кога се лути

Кога родителот е лут, може да каже зборови во афектна состојба.

Децата често не ги памтат тие зборови, но она за што се цело време свесни е тонот и „отровот“ кој се содржи во нив.

Пред да му се обратите на детето, колку и да сте лути, обидете се малку да се смирите.

naviki-od-koi-roditelite-moraat-da-se-oslobodat-najbrzo-shto-mozhat-02.jpg

Забелешки за грешките

Кога детето постапува добро, тоа е од него очекувано. Но, кога ќе направи грешка, добива бурни забелешки.

Потребен е баланс во кој и покрај укажувањето на грешките, давате до знаење и дека сте свесни за добрите постапки.

Линија на најмал отпор

Не се откажувајте кога треба да вложите повеќе напор за да му кажете на детето зошто неговата постапка не е добра.

Попуштајте, но во правилни дози и задржете го родителскиот авторитет.

naviki-od-koi-roditelite-moraat-da-se-oslobodat-najbrzo-shto-mozhat-03.jpg

Попуштање во своја корист

На сите им е јасно дека ви треба време и за вас, но тоа не значи дека треба да дозволите неограничено време поминато пред компјутер или оставање кај бабите и дедовците подолг период. Вашите деца се ваша обврска.

Безрезервна доверба во детето

Децата се чисти души, но ова тврдење и не е толку наивно. Верувајте му на своето дете кога нешто ви кажува, но умерено. Поставете повеќе прашања, за да го согледате проблемот од секоја можна перспектива.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg