Искуства на родители: „Како ме посрамотија странци на улица?“

Непознатите луѓе често сакаат да се мешаат во животите на другите со совети за кои не се ни повикани, особено кај младите родители.

stranci-se-obidele-da-gi-posramat-mladite-roditeli-na-najsmeshni-mozhni-nachini-01.jpg

Речиси секој родител барем еднаш во животот има искусено целосен странец да му забележи за начинот на воспитување.

За волја на вистината, некогаш овие забелешки се целосно издржани, но постојат и ситуации во кои навистина се излишни.

Родители откриваат за што биле посрамотени:

„Ја пресоблекував ќерка ми на хаубата од автомобилот на паркингот, кога една жена ми рече дека правам грешка што ја учам да се разголува во јавност.“

„Син ми единец беше каснат од друго девојче во градинка. Учителката ми рече дека ако имал брат или сестра тогаш ќе знаел како да реагира.“

„Го шетав моето четиримесечно бебе со количката и еден човек ми се развика дека на бебињата не им е местото на улица, затоа што е загадено.“

stranci-se-obidele-da-gi-posramat-mladite-roditeli-na-najsmeshni-mozhni-nachini-02.jpg

„Ме нарекоа убиец на бебиња затоа што моето бебе не носеше чорапи, среде лето, на 35+ степени Целзиусови.“

„Ми рекоа дека морам да си набавам торба за пелени, наместо да ги носам во ранец.“

„Кажав дека ќерка ми има една година, а не 15 месеци...“

„Ми рекоа дека сум лоша мајка затоа што ги фрлив чкртаниците кои син ми ги црташе кога беше мал.“

stranci-se-obidele-da-gi-posramat-mladite-roditeli-na-najsmeshni-mozhni-nachini-03.jpg

„Колешка искоментира дека моето дете ќе има емоционални проблеми во текот на целиот живот затоа што сум се породила со итен царски рез.“

„Како сум можела да не правам албум месец-за-месец од моето бебе и да ги објавувам на социјалните мрежи.“

„Го однесов син ми со количка во маркет, за да купам пелени. Добив барем три коментари дека е премногу мал за да биде во маркет.“

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да ...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg