Славни мајки кои не можеле или не сакале да ги дојат своите деца

Родителството е благослов во животот. Истовремено е и голема обврска. Непроспиените ноќи и хранењето на бебето по природен пат, за дел од познатите дами се чини дека претставува (пре)тешка задача.

 slavni-majki-koi-ne-mozhele-ili-ne-sakale-da-gi-dojat-svoite-deca-1.png

Некои од нив биле спречени поради објективни причини, како што се недоволното лачење на млеко, станувањето родител по пат на сурогатство, или, пак, дури и отстранување на дојките. Меѓутоа, има и такви што решиле вештачки да ги хранат бебињата по личен избор, за што побрзо да се вратат на сцената, односно не ја доведат сопствената кариера под знак прашање.

Ова се славните мајки кои не можеле или не сакале да ги дојат своите деца:

Бијонсе (37)

Не сите мајки можат да издвојат цела година на доење на бебето. Особено зафатените дами, како што е популарната Бијонсе. Кога на свет пристигна наследничката на поп кралицата и раперот Џеј Зи, таа ја доела ќеркичката Блу Ајви до десеттата недела.

Потоа одлучила да ја храни со формула, односно вештачко млеко. Во објава на социјалната мрежа Инстаграм, пејачката откри дека ги доела и близнаците Сер и Руми  Картер, иако не прецизираше колку долго. Имајќи предвид дека е една од највредните жени во светот на шоу бизнисот, не е за чудење ако и на нив им ги посветила само првите месеци за цицање.

 slavni-majki-koi-ne-mozhele-ili-ne-sakale-da-gi-dojat-svoite-deca-2.jpg

Кели Роуланд (37)

Нејзината другарка и колешка од музичката група Destiny’s Child, пак, наспроти сета желба и волја, маки мачела со доењето на новородениот син Тристан.

Во разговорот за магазинот Parents, пејачката Кели Роуланд се исповеда дека ѝ било полно срцето, ама не и градите. Не произведувале доволно мајчино млеко, па колку и да сакала, не била во можност да си го храни бебето по природен пат. Тоа за неа било ментално исцрпувачко искуство.

 slavni-majki-koi-ne-mozhele-ili-ne-sakale-da-gi-dojat-svoite-deca-3.jpg

Ким Кардашијан (38)

Старлетата и раперот Канје Вест заедно имаат три деца. Ќерката Норт и синот Сент ги добија по природен пат, додека најмалата Чикаго им ја роди сурогат мајка. За разлика од првите две деца, таа e единственото бебе што Ким Кардашијан не е во можност да го дои.

Меѓутоа, се чини како ова ни малку да не ја потресе ѕвездата на реалното шоу. Напротив. Таа призна дека ѝ е олеснување, па дури и размислувала да добие уште едно дете на истиот начин. Ваквото родителство е најдобрата одлука што некогаш ја донела. Наместо со часови да ја храни, сега имала повеќе време да им се посвети на повозрасните деца, како и да ги привикне на новиот член во семејството. 

 slavni-majki-koi-ne-mozhele-ili-ne-sakale-da-gi-dojat-svoite-deca-4.jpg

Анџелина Џоли (43)

Холивуската глумица и светска хуманитарка е родител на вкупно шест биолошки и посвоени деца. Како и многу други мајки, Анџелина Џоли наишла на низа компликации при доењето на бебињата, поради што решила да прекине да ги храни на овој начин.

Посебен предизвик ѝ биле близнаците Нокс и Вивиен, кои ги доела до три месеци, пред да ги префрли на вештачко млеко. Актерката објаснува дека не можела повеќе. Си мислела дека ако можат сите, тогаш ќе може и таа, ама излегло потешко од очекувањата. Неколкупати се обидела да ги храни симултано, но во повеќето прилики ги доела на смени. Ова ѝ одзело многу време и енергија.

 slavni-majki-koi-ne-mozhele-ili-ne-sakale-da-gi-dojat-svoite-deca-5.jpg

Џенифер Лопез (49)

Латино дивата е секогаш во центарот на вниманието, но кога го сподели личниот став за доењето, предизвика лавина од коментари во јавноста. Не баш позитивни. Во интервјуто за магазинот People од 2008 година, Џенифер Лопез даде објаснување зошто по сопствен избор не ги дои близнаците Макс и Ема.

Како алиби го наведе податокот дека ни мајка ѝ ја немала доено во минатото, што не функционирало лошо кога е таа во прашање. Па, смета дека е најдобра опција и за нејзините деца. Наиде на осуда од многумина поради кажаното. 

 slavni-majki-koi-ne-mozhele-ili-ne-sakale-da-gi-dojat-svoite-deca-6.jpg

Листата продолжува на следна страна...



Би можело да ве интересира:

„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg