Бебе зависно од телефон - вирално видео ја прикажува суровата реалност

Бебенце помало од една годинка плаче секој пат кога ќе му го земат паметниот телефон. Време е за црвена тревога и „дигитална детоксикација“!

bebe-zavisno-od-telefon-viralno-video-ja-prikazhuva-surovata-realnost-01.jpg

Дали сте постојано со телефонот во рака? Зависни од него и од социјалните мрежи?

Токму оваа наша навика е виновна и за тоа што децата од најмaла возраст стануваат зависни од ова „зло на модерното општество“.

Видео на кое бебенце, помало од една година, плаче секој пат кога телефонот ќе му биде земен е доказ за суровата реалност во која живееме. Реалност во која станавме неверојатно зависни од дигиталниот свет што го креиравме и за сметка за тоа сме дисконектирани од вистинскиот свет.

bebe-zavisno-od-telefon-viralno-video-ja-prikazhuva-surovata-realnost-02.jpg

Се сеќавате ли на нашето детство? Детство кога немавме мобилни телефони во џебот, кога игравме криенка и навистина постоеше интеракција меѓу нас. Денес, децата станаа гејмери, јутубери и што уште не, а заборавија дека треба да си играат брканица, криенка, народна и низа други игри.

Едно истражување покажува дека просечен Американец минува 86 часа месечно на телефон, а замислете на ова да го додадеме времето минато на компјутер... Верувам дека ситуацијата е иста и во Македонија.

bebe-zavisno-od-telefon-viralno-video-ja-prikazhuva-surovata-realnost-03.jpg

Просечно време што луѓето минуваат на телефон е 2 часа и 51 минута секој ден и оваа бројка е во константен пораст.

Друго истражување, направено во Велика Британија, покажува дека луѓето се онлаjн во просек по 24 часа неделно, два пати подолго отколку пред 10 години. Ако се насочи фокусот кон младината ситуацијата е уште пострашна, младите од 16 до 24 години во просек минуваат по 34.3 часа неделно онлајн.

bebe-zavisno-od-telefon-viralno-video-ja-prikazhuva-surovata-realnost-05.jpg

Телефоните навистина ни го олеснуваат животот, но едновремено тие нè спречуваат да ги посетуваме саканите, да читаме книги, да волонтираме некаде и да шетаме во природа. И се разбира, сето ова негативно се одразува врз нашето здравје.

90% од луѓето во светот претерано ги користат телефоните, а 10 до 12% веќе може и да се класифицираат како вистински зависници. Ако чувствувате дека имате зависност, мора да го признаете тоа и да се обидете да излезете од „дигиталната кутија“.

bebe-zavisno-od-telefon-viralno-video-ja-prikazhuva-surovata-realnost-04.jpg

Во светот веќе постои и термин „дигитална детоксикација“, кога минувате по цел викенд без пристап до технологија.

Дали се сметате себеси за зависник?

Погледнете го видеото:

https://www.youtube.com/watch?time_continue=86&v=f_MNMKyI3j8

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку вода треба да пиете додека доите за да спречите дехидрирање? Колку вода треба да пиеме додека доиме? Дали сме испиле премногу или премалку те...
Не е важно дали сте го загубиле бебето во 6-ата или 20-тата недела – вашата загуба е тешка Без разлика дали претходно не сте имале деца. Без разлика дали веќе имате дете. ...
„Зошто детето да го добие презимето на таткото, а не на мајката?“ – Жена поттикна жестока дебата на ... Со објава на Твитер во која им порачува на бремените жени да им го дадат своето ...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg