„Сакајте си ги децата и кога се виновни, бидејќи животот ќе ги казнува и кога не се“

Сакајте си ги децата разумно, не до границата на разгалување. Дадете им внимание, наместо пари. Подарете им дружба, наместо играчки. Трупајте спомени, наместо купишта неносени алишта.

Sakajte-si-gi-decata-i-koga-se-vinovni-01.jpg

Задушете ги со силни прегратки, не со посесивно однесување. Поттикнете и да размислуваат самостојно, наместо да им ги решавате домашните задачи.

Научете ги да си сакаат животните, наместо да ги клоцаат и удираат. Да се грижат за природата, наместо да ја загадуваат. Да делат, наместо да си ги чуваат сите работи себично за себе.

Одвојте ги од таблетот, доближете ги до природата. Научете ги да употребуваат убави зборови, зборови како молам, повелете, благодарам, наместо пцости и недолични изрази.

Истакнувајте ги различностите и натерајте ги да ги засакаат, наместо да им всадувате омраза во чистите срца.

Охрабрувајте ги, мотивирајте ги и аплаудирајте им, но само кога вистински се добри, а не лажно успешни.

Не им го скратувајте детството, постои време кога треба да се деца, но не им го оддолжувајте ниту созревањето, постои време кога треба да се возрасни.

Но, најмногу од сè, сакајте ги. Искрено, безрезервно, до последниот здив. А најмногу кога погрешиле. Кога се виновни. Кога се засрамени, кога се уплашени.

Кога се дотепани, кога не знаат каде да го побараат излезот. Лесно може да ги досрамите, да ги навредите, да ги понижите, да ги доближите до дното.

Не заборавајте да им извлечете лекција и поука од грешките на вашите деца. Но, сакајте ги, секогаш сакајте ги, дури и кога се виновни, затоа што животот ќе се потруди да ги казни дури и кога нема да бидат.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...
Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’ „Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме д...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Не ги плашат со Баба Рога: Како Јапонците ги воспитуваат децата секогаш да бидат мирни и учтиви? На нивниот начин на вопитување се воодушевува целиот свет. Јапонците не се служа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg