Тајни што отсекогаш ги делите со вашата мајка и сè уште може да го правите тоа

Не постои личност која ве познава подобро од вашата мајка. Ако сме искрени, мајките се вистински суперхерои кои балансираат меѓу поддршката и воспитувањето.

tajni-shto-otsekogash-gi-delite-so-vashata-majka-i-se-ushte-mozhe-da-go-pravite-toa-01.jpg

За разлика од сите други пријателства, пред вашата мајка немате тајни бидејќи голем дел од нив сте ги споделиле уште кога не сте биле свесни за своето постоење.

Вашата мајка е со вас уште од мигот кога сте го вдишале првиот воздух и оттогаш е личност која секогаш е спремна да ве чуе што имате да кажете.

Ова се неколку тајни што веќе ги имате споделено со нејзе и што секогаш можете да го правите тоа:

Вашите стравови

Таа ги знае и вашите наивни стравови, како што се чудовишта под креветот, но и големите нешта кои ве плашат.

Секоја тајна што ја криете од пријателите

Она што ќе ѝ го кажете на вашата мајка, можете да бидете сигурни дека нема да биде прекажано на никого.

tajni-shto-otsekogash-gi-delite-so-vashata-majka-i-se-ushte-mozhe-da-go-pravite-toa-02.jpg

Кога сте направиле нешто засрамувачко

Сте имале ужасно искуство кое ви тежи? Споделете го со вашата мајка, таа може да ви понуди само поддршка и разбирање, а и по некој совет за да ја олесни ситуацијата.

Нешта што сакате да ги скриете од вашите браќа и сестри

Иако подеднакво ве сака, бидете сигурни дека таа тајна ќе остане кај нејзе засекогаш, односно додека самите не решите да ја споделите.

Секое болно искуство од вашето растење

Од прва љубов, до прв месечен циклус, како и изборот на прв градник.

tajni-shto-otsekogash-gi-delite-so-vashata-majka-i-se-ushte-mozhe-da-go-pravite-toa-03.jpg

Колку несредена може да биде вашата соба

Колку и да сте денеска уредна личност, вашата мајка знае дека некогаш ви се случува вашата соба да биде ужасно неуредна.

Фактот дека секогаш ви треба нејзината прегратка

Дури и кога вие не сте свесни, вашата мајка знае дека она што ви треба во моментот е нејзината поддршка, прегратка и убавите зборови.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Мајка стана вирален хит со воспитувањето на синовите – ги учи да чистат и да ги делат обврските со и... „Кога добив синови, сакав да бидам сигурна дека ќе имаат почит кон девојчињата“ ...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg