Исповед на татковци кои присуствувале на породување: „Не бев подготвен за сите тие течности“

Иако чувството на мајката е неспоредливо кога станува збор за раѓањето, денес, и татковците можат да го искусат моментот на доаѓањето на свет на нивното дете.

ispoved-na-tatkovci-koi-prisustvuvale-na-poroduvanje-ne-bev-podgotven-za-site-tie-technosti-01.jpg

Во денешно време, сè почесто се случува татковците да присуствуваат на породувањето и да бидат покрај нивната партнерка.

Сепак, ретки се оние кои лесно се соочуваат со тоа и до самиот момент си поставуваат многу прашања – „Ќе го преживеам ли тоа? Можам ли да издржам да ја гледам како се мачи? Има ли многу крв?“ и уште многу други.

Дури и кога мислат дека се најподготвени за тој момент, сепак секогаш се соочуваат со изненадувања, а некои татковци решиле да го споделат искуството од тие моменти.

Исповед на татковци кои присуствувале на породување:

„Првата врева која мојата ќерка ја направи ме внесе во реалноста. Додека не излезе, за мене тоа да се има дете беше нешто апстрактно. Кога мојата ќерка излезе и испушти прв гласен крик, тогаш стана реално. Беше вистинска. А, јас, навистина бев татко.“

„Ќе звучам како мрзливец, но она што ме излудуваше, беше бројот на работи кои морав да ги направам. Или, подобро да се изразам, она што всушност се случуваше во породилната сала, не беше ни приближно до нашиот план за породување. Морав да импровизирам. Да се приспособам. И морав да ја пратам ситуацијата. Јас сум планер, па бев во дилема помеѓу борба и бегство. За среќа, не се смрзнав, ниту побегнав. Во породилната сала е општ хаос.“

„Не бев подготвен за толку течности. Крв. Мукозен чеп. Сигурен сум дека таму некаде и мочкаше. Изгледаше како Mortal Kombat. Знаев дека ќе има крв, но не очекував толкава количина. Она што навистина ме изненади е тој неред, дури и се загрижив дека мојата сопруга е повредена или дека нешто тргнало наопаку. Крвта значи нешто лошо, нели. Очигледно бев кукавица, бидејќи мајката и детето се добро.“

ispoved-na-tatkovci-koi-prisustvuvale-na-poroduvanje-ne-bev-podgotven-za-site-tie-technosti-02.jpg

„Знаете што ме излудуваше? Кунг-фу стисокот на мојата сопруга. Раѓањето на нашиот син траеше толку долго, а јас за цело тоа време ја држев раката на мојата жена. Секој пат кога требаше да дава напор, ми ја стискаше раката како да гмечи лименка пиво. Ништо не кажував, но рацете и зглобот ми беа со модрици наредните неколку денови. Силата на трудна жена е вистинска, момци.“

„Ох, плацента. Доаѓа после бебето. Знаев нешто за тоа, но целосно заборавив и не очекував. Нашиот син се роди, докторите го држеа и прегледаа. Сè беше во ред. Тогаш сестрата рече – Уште еднаш. Не очекувавме близнаци, па бев многу збунет кога излезе тоа крваво нешто со облик на ролат од месо. Дури ни понудија и да ја задржиме. Изгледа и тоа е можно.“

„Сечењето на папочната врвца е дефинитивно најнепријатното нешто. Поврзана е со мајката и детето и личи како месо и многу е цврсто. Како човечко месо. Мислам, тоа е човечко месо. И тешко се сече! Мислев дека брзо ќе се исече, но беше како сечење вешалица. Се чувствував како да ги бодам двете. Докторот и сестрите ме убедуваа дека таму нема нерви и не можам да ги повредам. Проверив – вистина е.“

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Не ѝ помагам на сопругата ни да чисти, ни со децата“: Маж ги воодушеви мајките со видео на ТикТок „Не ѝ помагам ни да чисти, да ja испере облеката, ни во грижата за децата. Ништо...
Како да престанете постојано да им забранувате сè на вашите деца (и зошто е тоа добро)? Дозволете им на децата да прават работи кои вообичаено им се забранети како, на ...
„Сопругот добива комплименти бидејќи ја сменил пелената на нашето бебе“ – Двојните стандарди за мајк... Ако мајката купи хамбургер за ручек, тогаш е мрзлива. Ако таткото го направи тоа...
Совети за татковци: Како да ѝ помогнете на партнерката за време на доење? Едуцирајте се и не заборвајте дека некогаш е само доволно да правите друштво. Ка...
Исповед на очајна мајка: „Со часови го успивам бебето, а сопругот се враќа од излегување и вика на ц... „Му пишав порака на сопругот дека бебето спие, а тој од излегување дојде и викаш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg