Како да ја соопштите бременоста на пријателката која не може да забремени?

Борбата за бебе може да биде немилосрдна. Неплодноста опфаќа толку голем број на жени што станува симптоматично, а сепак се уште многу тивко се зборува на оваа тема.

kako-da-ja-soopshtite-bremenosta-na-prijatelkata-koja-ne-mozhe-da-zabremeni-01 (1).jpg

Без разлика дали сте бремени, се обидувате да забремените или сте имале (спонтан) абортус бидете сигурно во едно - не сте сами.

Иако можеби не се подготвени да споделат со вас, многу жени во вашата околина се соочуваат со истото.

Во ваква ситуација има еден многу деликатен момент - како да им соопштите дека сте бремени на оние кои со години се обидуваат?

Бидете отворени, искрени и внимателни

За да не се доведете во непријатна ситуација, прашајте ја личноста како би сакале да ја соопштите вашата бременост уште пред да се случи. Замолете да ви даде насока како би сакала да дознае за тоа.

Едноставно кажете: „Се обидувам да забременам, и ако се случи такво нешто би сакала да го споделам тоа со тебе, но на начин кој нема да направи да се почувствуваш неудобно. Знам дека е тешка и болна тема за тебе, и не би сакала да те приморам да се радуваш за мене. Заедно може да го решиме ова бидејќи твојата поддршка ми значи.“

Не соопштувајте ја веста изненадно, особено не во друштво

Ваквиот начин може да биде многу лошо искуство за личност која не може да забремени. Соопштувањето на веста преку телефон е уште полошо.

Нема да ѝ дадете простор да ја процесира информацијата и најверојатно ќе мора да ги проголта горчливите солзи што ќе ги предизвикате.

Дури и ако не верувате, електронската порака е доволно добар начин. Така не се создава притисок за инстант одговор односно реакција.

Дозволете чувствата да спласнат и ништо не сфаќајте лично

Се работи за многу чувствителна тема и навистина треба да сте подготвени на не така позитивна реакција. И тоа не е заради тоа што личноста не ве сака или не е среќна поради вас; тагата поради својата борба секогаш надвладува и над неа немаме доволно контрола.

Не заборавајте на нејзината борба

Да, пресреќни сте затоа што наскоро ќе добиете принова, но не заборавајте дека таа сè уште се бори и сонува за тоа што вие веќе го имате. Прашајте ја како е и дајте ѝ простор да сподели со вас ако е подготвена за тоа.

Колку и да не изгледа така, таа гори од желба да си ја отвори душата пред некого, а тоа да не биде нејзиниот доктор.

Избегнувајте излитени фрази

„Ќе успееш и ти, не грижи се“, „Така требало да биде“, „Сè се случува со причина“ и слични бесполезни констатации се неприфатливи. Вие нема да го решите нејзиниот проблем, ниту пак ги имате одговорите на сите прашања.

Бидете кратки и концизни спорделувајќи ја вашата радосна вест и не навлегувајте во детали.

Не ја исклучувајте од животот поради страв дека ќе ја повредите

Да бидеме јасни, не постои ни приближно лесен начин да се соопшти дека очекувате дете на некој кој веројатно никогаш нема да има, и секогаш ќе може да се почувствува болката во разговорот.

Но, најголемата грешка што може да ја направите е да ѝ свртите грб на оваа личност обидувајќи се да не ја повредите.

Така ќе додадете масло на огнот, а доколку личноста ви значи, сигурно не сакате да се чувствува оттуѓено.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Како да го намалите времето поминато пред екран кај вашите деца? Лето-зима, приказната е иста, си доаѓате дома, а вашето дете уште не влезено дом...
Не сака да се дружи со деца, бега од врева - Дали и вие имате високо сензитивно дете? Вашето дете ги покрива ушите и му пречи врева, реагира на сѐ што е ново, ги забе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg