Што да правите кога детето се плаши од темница?


Што да правите кога детето се плаши од темница?

Дали вашето дете се плаши од темница? За ова можат да постојат многу причини. Децата поради своето неискуство имаат многу бујна имагинација, поради што можат да почнат да се плашат од темница и други работи поврзани со темнината. Ова се неколку совети кои можете да ги пробате доколку вашето дете се плаши од темница.

Sto da pravite koga deteto se plasi od temnica 01

Постојат неколку едноставни чекори кои можете да ги направите за да му помогнете на вашето дете да се чувствува пријатно кога ќе дојде време за спиење.

1. Прошетајте заедно низ собата, држејќи се за рака. Проверете го секој агол од собата, погледнете под креветот, во ормарот, зад елементите во собата и слично. Со ова ќе му покажете на детето дека нема “чудовишта“ во собата и дека нема од што да се плаши.

2. Оставете ја вратата од вашата спална соба отворена, како и од детската соба. Така детето нема да се чувствува само или затворено.

3. Затворете ја вратата на ормарите и слично во детската соба. Ќе се почувствува пријатно.

Sto da pravite koga deteto se plasi od temnica 02

4. Ставете ноќна ламба во детската соба. Ќе им биде полесно да заспијат при слаба осветленост.

5. Во некои случаи, дајте им играчка за спиење. На овој начин ќе се чувствуваат побезбедно, знаејќи дека не се сами, дека имаат близок пријател до себе.

6. Понекогаш помага и малку топло млеко пред спиење.

7. Во некои случаи, релаксирачка, лесна музика или приказна ќе му помогне на детето да заспие.

Sto da pravite koga deteto se plasi od temnica 03

Постојат различни стратегии со кои можете да им помогнете на децата да го надминат стравот од темнината. Ова се само некои од идеите со кои можете да им помогнете да спијат мирно, без страв.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотка од татко што му менува пелена на своето дете во јавен тоалет ста... Дали сопствениците на локалите прават сè за да им го олеснат престојот на луѓето...
Наместо подароци, донесете паричиња во пликца - нов тренд кој ве тера ... Постојат толку многу работи кои ме збунуваат, смеат и иритираат истовремено кога...
5 реченици кои родителите не смее да ги изговорат за време на оброците Она што им го говорите на своите малечки во текот на јадењето, подеднакво важно ...