Грешки при воспитувањето деца кои ќе се одразат на нив кога ќе пораснат

Улогата на родителите не е воопшто лесна и колку и да го сакаат најдоброто за децата, некогаш знаат да направат по некоја грешка.

greshki-pri-vospituvanjeto-deca-koi-kje-se-odrazat-na-niv-koga-kje-porasnat-01.jpg

Тие грешки во воспитувањето кои мислите дека можеби нема да имаат негативно влијание, всушност се одразуваат на нив и како возрасни индивидуи.

Начинот на кој што сте ги научиле, фрустрациите и траумите од детство си ги носат со себе во текот на целиот живот.

Па, доколку не сакате вашите грешки да влијаат негативно на нив кога ќе пораснат, престанете да ги правите овие работи:

Не му покажувате на детето дека го сакате

За малечките, мама и тато се најважните луѓе во светот. Но, што ќе се случи кога децата нема да ја чувствуваат нивната љубов?

Нивната самодоверба ќе се намали и нема да се сакаат себеси. Како резултат на тоа, кога ќе пораснат ќе сакаат да се променат на секој можен начин бидејќи ќе сметаат дека не се доволно добри, па некои дури ќе бидат склони и кон менување на изгледот.  

Други пак, напротив, ќе се обидат да им ја пружат целата нивна љубов на децата која тие не ја добиле, па може да станат опседнати со контрола и децата повторно да не се чувствуваат среќно.

greshki-pri-vospituvanjeto-deca-koi-kje-se-odrazat-na-niv-koga-kje-porasnat-02.jpg

Се обидувате да контролирате сè

Родителите некогаш забораваат дека децата растат и надминуваат одредени фази, па не мора тие да им го контролираат животот за секоја ситница.

Доколку ги правите сите работи наместо нив, кога ќе пораснат тие ќе мислат дека сите треба да се вртат околу нив и нема да бидат способни да изградат здрви односи, да носат добри одлуки и нивните ставови ќе водат до конфликти.

greshki-pri-vospituvanjeto-deca-koi-kje-se-odrazat-na-niv-koga-kje-porasnat-03.jpg

Не ги охрабрувате да носат сопствени одлуки

Кога родителите носат одлуки за децата за сите работи, не им дозволуваат да изградат самостојност. Неспособноста да носат одлуки уште од најмали може понатаму да биде голем проблем при решавањето проблеми бидејќи секогаш ќе бараат помош од некого.

greshki-pri-vospituvanjeto-deca-koi-kje-se-odrazat-na-niv-koga-kje-porasnat-04.jpg

Се расправате со партнерот пред нив

Ако родителите се расправаат постојано, децата може да помислат дека тоа е нивна вина и да не разберат што се случува.

Луѓето кои во детството биле сведоци на многу кавги, во иднина ќе се обидуваат да избегнуваат секакви дебати и конфликти, или напротив, ќе ги малтретираат другите и ќе покажуваат дека се посилни.

greshki-pri-vospituvanjeto-deca-koi-kje-se-odrazat-na-niv-koga-kje-porasnat-05.jpg

Ги потиснувате и потценувате чувствата на децата

Некогаш децата се вознемируваат и плачат за работи кои за возрасните се глупости, но наместо да им дадат поддршка и да ги смират и да разговараат со нив, тие ги замолчуваат со фрази како – не треба така тоа е лошо, момчињата не плачат и слично.

Но, со тоа не прават ништо добро, туку само ги потиснуваат чувствата на децата, а кога ќе пораснат тие веќе нема да сакаат да чуваат ништо во себе, па може да немаат контрола врз себе и чувствата.

greshki-pri-vospituvanjeto-deca-koi-kje-se-odrazat-na-niv-koga-kje-porasnat-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg