5 причини зошто добриот однос со баба и дедо е важен за вашето дете

Постои нешто вистински посебно во врските помеѓу бабите и дедовците и внуците, и е многу, многу посуштинско и позначајно од бесплатните бебиситерски услуги што ги добивате.

5 pricini zosto dobiot odnos so baba i dedo e vazen za vaseto dete povekje

Покрај бесконечната љубов што ја добиваат од нив, нашите деца имаат корист од позитивниот однос со баба и дедо. Поттикнете блиска врска помеѓу вашите родители и вашите деца и набљудувајте ги придобивките низ годините.

Зошто блискиот однос со баба и дедо е важен?

Децата полесно ќе се справат со животните проблеми

Едно истражување спроведено на Универзитетот во Оксфорд покажало дека децата блиски со нивните баби и дедовци имаат помалку емоционални и проблеми во однесувањето и се поспособни да се справат со трауматични животни настани, како развод на родителите или малтретирање во училиште.

На многу реален начин, бабите и дедовците можат да обезбедат чувство на сигурност и поддршка што им помага на децата да ги пребродат негативните детски искуства.

Генерацискиот идентитет ги прави децата поотпорни

Децата треба да ја разберат историјата на своето семејство за да го пронајдат своето место во него, односно да разберат дека се дел од нешто многу поголемо од себе.

Знаејќи дека претходните генерации ги проживеале своите потешкотии, децата учат да се справат со сопствената неволја.

Блискоста со баба и дедо ги учи децата да ги сакаат возрасните

Сите ќе остареме еден ден, а кога тоа ќе ни се случи не сакаме децата да се однесуваат дискриминирачки кон нас. Токму затоа, треба да се поттикнат позитивни односи меѓу децата и возрасните, односно да се создаде квалитетна врска.

Блискоста со баба и дедо ги штити децата од депресија во подоцнежни години

Едно истражување спроведено на колеџот во Бостон востановило поврзаност помеѓу блискоста на бабите и дедовците со внуците и намалената стапка на депресија - како за едната, така и за другата страна.

Баба и дедо добиваат нови идеи во друштво на своето внуче, а тоа пак има корист од нивното животно искуство и советите што ги добива од нив.

Децата се причина бабите и дедовците да живеат подолго

Науката е прилично јасна дека блискоста на баба и дедо со внучињата е добра за двете страни, дури и тогаш кога не живеат во непoсредна близина. Децата стануваат поотпорни, а бабите и дедовците поздрави.

Всушност, истражувањата покажуваат дека бабите и дедовците кои редовно ги гледаат своите внуци додаваат во просек од пет години во својот живот. Меѓугенерациската врска навистина е добитна комбинација.

A. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...
До бабите и дедото што откажуваат планови и ни го чуваат детето како свое – ви благодарам Писмо до нашите родители - до бабите кои скришно ги откажуваат закажаните планов...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Го најдов тајниот дневник на баба ми по нејзината смрт, ме расплакаа работите што ги напишала за ме... „Од денес јас и ти имаме тајна. Сосема сама направи шест чекори. Не можеме да им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg