Најважните лекции кои мајките треба да им ги предадат на ќерките


Најважните лекции кои мајките треба да им ги предадат на ќерките

Постојат животни лекции кои само мајката може да ги предаде. Не е лесно да се објаснат, но тие се најголемиот подарок за вашата ќерка - знаењето ќе ѝ помогне да се соочи со тешките периоди, да ги надмине и да стане посилна.

najvazhnite-lekcii-koi-majkite-treba-da-im-gi-predadat-na-kjerkite-01.jpg

Кои лекции треба да ѝ ги пренесете на вашата ќерка?

„Не треба да се промениш за да бидеш сакана“

Ако постои нешто за што вашата ќерка треба да ве послуша, тоа е ова. Научете ја дека секој кој ќе се обиде да ја убеди во спротивното и не ја цени за тоа што е, не заслужува место во нејзиниот живот.

„Покажи почит па очекувај ја за возврат“

Тоа не важи само за партнерот, туку и за пријателите и семејството. Мора да ги почитувате другите, за тие да ве почитуваат вас.

„Не губи се себеси кога си во врска“

Заљубеноста може да ја натера да заборави која е и што е кога не е со партнерот. Објаснете ѝ на вашата ќерка дека нејзината несигурност или врската со партнерот не треба да ја спречува да го живее животот што го заслужува.

Потсетете ја вашата ќерка да ги задржи сопствените интереси, пријатели и времето за себе. Таа треба да биде среќна и да се чувствува исполнето без разлика дали ќе опстане врската во која се наоѓа.

„Твоето тело заслужува задоволство“

Мајките не зборуваат доволно за ова со своите ќерки, а ако тие не го направат тоа, тогаш кој? Подучете ја ќерката дека нејзиното тело не е предмет што се дава некому; тоа не е нешто што партнерот го поседува.

Кога ќе забележите дека нејзиното тело почнува да се менува, потсетете ја дека таа заслужува безбедно, но и пријатно искуство тогаш кога ќе биде подготвена.

najvazhnite-lekcii-koi-majkite-treba-da-im-gi-predadat-na-kjerkite-02.jpg

„Внимателно набљудувај го однесувањето на партнерот“

Ова може да ја спаси од непотребна болка. Ако момчето за кое таа е заинтересирана вели дека не бара девојка, кажете ѝ  да му верува.

Ако забележи дека е нељубезен кон некој друг, не треба да замислува дека со неа ќе биде поинаку. Често луѓето покажуваат и кажуваат сè што треба да знаете, без да бидат свесни.

„Впушти се и остани во врска поради вистинските причини“

Мајките мора да ги учат своите ќерки како да препознаат вистинска љубов, несебичност и великодушност. Ако врската ги нема тие квалитети, воопшто не е вредна за трудот.

Осаменоста, носталгијата, притисокот од околината или заедничките пријатели не се причина да остане со некого.

najvazhnite-lekcii-koi-majkite-treba-da-im-gi-predadat-na-kjerkite-03.jpg

„Знај што сакаш и остани доследна на тоа“

Понекогаш односите со другите изгледаат правилно на површината, но длабоко во себе чувството е дека се погрешни. Затоа подучете ја да ги разбере своите желби и да не се обидува да биде нешто друго за некој друг.

„Скршеното срце има свои придобивки“

Тука е важно да нагласите дека во ред е раскинувањето да боли, но тоа може да биде поучна лекција само по себе. Жената учи најмногу за себе кога ќе изгуби во љубовта.

Како таа ќе се справи со првата прекината врска ќе ги обликува сите идни односи. Таа ќе научи што е прифатливо, што навистина и треба и како и кога да прости.

„Сè што бркаш, бега“

Научете ја вашата ќерка да не трага по љубовта, таа ќе пристигне кога ќе дојде вистинскиот момент. Нетрпеливоста може да го саботира срцето и мора да постапува претпазливо.

Трчањето по некој кој не сака да биде фатен може да го наруши нејзиното достоинство и да ги уништи шансите да најде партнер. Секој има потреба од простор за дишење.

najvazhnite-lekcii-koi-majkite-treba-da-im-gi-predadat-na-kjerkite-04.jpg

А. Ш. | Црнобело / фото: deposithotos.com

Би можело да ве интересира:

10 лекции кои ги учат жените кои се пораснати од силна мајка Мајките навистина имаат голема, значајна и тешка улога во животот на децата.&nbs...
Зошто мајка минала 2 години без да им купи нешто ново на децата? Кејти сфатила дека огледувањето на 3 мали деца е прескапо и дека постојано се фр...
Што ако вашето дете исчезне? Упатство како да реагирате Исчезнување на луѓе се случува и тоа не само некаде далеку, туку и тука кај нас....