Како ми се промени мислењето за доењето во јавност?

kako-mi-se-promeni-mislenjeto-za-doenjeto-vo-javnost-01.jpg

„Аман што и е на онаа што ја извадила тука сред кафана, небаре мора детено да јаде тука“...

„Добро, во авионов ли мораше да цица бебево?“

„Кај седнав до мајка со бебе, кај се зафркнав...“

„Ајде изволте народе, ја извади ци*кaта оваа сред парк“

Да. И јас знаев да го коментирам ова многу често. Искрено, воопшто не ми се допаѓала идејата за доење во јавност. Не само што не ми се допаѓала, туку и знаев да „мрчам“ на глас за да ме слушнат мајките.

Криво ми е. И жал ми е што сум била за срамота со моите ставови наведени погоре. Но, барем си признавам. И срам ми е.

Потребно беше само да станам мајка и да бидам на местото на сите оние мајки кои претходно ми пречеа во животов.

Пред една година јас станав таа што ја вади ци*кaта во кафана. И во парк. И во кафич. И во авион. И на сред улица. И на плажа. И во трговски центар. И на педикир. И на фризер. Луѓе, насекаде!

kako-mi-se-promeni-mislenjeto-za-doenjeto-vo-javnost-02.jpg

Затоа што детето ми се роди во прекрасен период и сакавме постојано да сме надвор и да се шетаме. Затоа што првите три месеци цицаше на саат ипол – два  и е практично невозможно да се вратиш до дома.

Затоа што сфатив дека е апсолутно природно и нормално детето да јаде каде сака и кога сака. Затоа што сакав да си ја носам секаде со мене. Затоа што измолзување не доаѓаше во предвид и е невозможно да го правиш на секој саат.

И не, воопшто не ми беше срам. И можам дури да речам дека не ни забележував дали им пречи на луѓето наоколу. Имам впечаток дека на никој не му било непријатно заради нашето присуство.

Наидов и на културни келнери – прават нарачка додека доите и не зјапаат во вас туку гледаат на друга страна. Позитивно сум изненадена од фактот дека не слушнав ниту еднаш некој да „мрчи“ како што тоа го правев јас пред да станам мајка.

И не секогаш сум имала со што да се покријам, но сум се трудела да биде тоа колку може подискретно... иако понекогаш било невозможно.

Едно нешто што заклучив е дека не треба да судите ако не сте биле во негова ситуација.

Не соли памет на мајки ако не си мајка.

Не соли памет за деца ако не си родител.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

П. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...
„Одам на работа, се грижам за децата, чистам, а сопругот не прави ништо – решив да се разведам“ „Работам со полно работно време и јас правам сè. Јас готвам, јас го чистам тоале...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg