Духовни правила за воспитување на деца, на кои многу родители забораваат

Нема родител кој не го сака своето дете и секогаш му мисли и посакува само најдобро. Но, секој од нас е сведок на барем еден случај во кој токму од иста желба, родителите прават грешки.

duhovni-vistini-za-vospituvanje-na-deca-na-koi-mnogu-roditeli-zaboravaat-01.jpg

Според духовните учења, децата ни се единствени „гости“ во нашите животи, кои самите ги создаваме, па затоа и многу родители имаат погрешна перцепција дека тие мали личности всушност се нивна сопственост.

Но, тоа не е добар пристап во воспитувањето. Тие всушност сè прават со најдобра намера, бидејќи во нивниот ум, децата треба да бидат лика и прилика на своите родители. Ова уште од самиот старт е погрешно, бидејќи тоа се сосема нови личности, кои не треба да ги рефлектираат фрустрациите на оние кои ги создале.

Секако, нормално е децата да гледаат и имитираат, но тие се и како филтер, го прифаќаат само она што мислат дека е соодветно за прифаќање.

За да избегнете да создадете свои минијатурни реплики, водете се според идејата за стимулирање на нивната индивидуалност и посебност, со овие 10 духовни идеи:

1. Не сметајте ги за своја сопственост, туку како сакани „гости“ на кои им е потребна вашата помош за да чекорат низ животот.

2.  Дајте им доволно слобода за самите да го искусат овој свет.

3. Дозволете им да доживуваат што повеќе лични спомени.

4. Не ги учете на нешта за кои ниту самите немате лично искуство. Тоа е еднакво на проповедање.

duhovni-vistini-za-vospituvanje-na-deca-na-koi-mnogu-roditeli-zaboravaat-02.jpg

5. Научете ги да не земаат ништо здраво за готово, само затоа што доаѓа од личност која е авторитет.

6. Дозволете им да се сомневаат, додека самите не се осигураат во исправноста на своите постапки.

7. Помогнете им да останат слободни и отворени за сите искуства кои им се достапни.

8. Споделете ги своите искуства со нив.

9. Создадете опкружување во кое ќе бидат радосни и весели.

10. Покажете им го својот пример, но не инсистирајте дека мора да го следат.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...
Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’ „Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме д...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg