4 проблеми во однесувањето на детето кои не треба да ги игнорирате

Ниту еден родител не сака неговото дете да е непослушно, но во одредени периоди од животот се случуваат промени во однесувањето на децата, па важно е да ги следите.

4-problemi-vo-odnesuvanjeto-na-deteto-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-01.jpg

Важно е да процените кои промени во однесувањето на детето може да претставуваат проблем во иднина.

Иако можеби некои негови однесувања вам ви изгледаат како минлива работа и не го гледате како нешто страшно, сепак треба да размислувате долгорочно и за тоа како ќе се изгради неговиот карактер.

Професионалците советуваат кои однесувања треба да ги спречите:

Ве прекинува додека зборувате

Зошто не треба да игнорирате:

Детето можеби е многу возбудено околу нешто што сака да ви го раскаже или да ве праша нешто, но со тоа што ќе му дозволите често да ве прекинува во збор, го учите дека не треба да биде обѕирен кон другите и ќе мисли дека има право на вниманието на луѓето во секое време.

Како да го спречите ова однесување:

Следниот пат кога ќе разговарате со некого, кажете му на детето дека треба да чека мирно и да не прекинува. Занимавајте го со некоја активност или дајте му да се игра со нешто што не му е секојдневна занимација. Објаснете му убаво зошто не треба да прекинува и дајте му до знаење дека треба да почека.

Грубо играње

Зошто не треба да игнорирате:

Не смеете да дозволите играта на детето да биде груба, да удира некого, да се турка, да штипе или навредува пријател или брат/сестра. Ако не интервенирате навреме, однесувањето ќе прејде во навика и ќе испратите порака дека тоа е нормално.

Како да го спречите ова однесување:

Соочете се со агресивното однесување на лице место и не чекајте да му држите лекции откако ќе помине ситуацијата. Тргнете го детето на страна и кажете му дека тоа го боли неговиот пријател и прашајте го како би се почувствувало доколку некој му го направел тоа него. Потсетете го дека не треба да си игра грубо и помогнете му да сфати како треба да биде правилно.

4-problemi-vo-odnesuvanjeto-na-deteto-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-02.jpg

Се прави дека не ве слуша

Зошто не треба да игнорирате:

Ако треба да му повторите 5 пати нешто на детето за тоа да ве послуша, му испраќате порака дека тоа е главно, а не вие. Ако треба да го потсетувате детето неколкупати дека треба да ве послуша за нешто и ако му дозволите да ве игнорира, детето ќе стане зависно од контрола.

Како да го спречите ова однесување:

Наместо да му викате на детето од другата страна на собата да направи нешто, одете до него и кажете му што треба. Нека ве гледа во очи додека зборувате и чекајте да ви одговори дека е во ред.

Ја преувеличува вистината

Зошто не треба да игнорирате:

Можеби не ви личи на страшно ако детето каже дека го наместило креветот, а не е вистина туку само го покрил со прекривач, но важно е да се соочите со секаков вид на неискреност. Лажењето може да премине во навика, а ако детето научи дека така работите звучат подобро, ќе продолжи да го прави тоа и за посериозни работи.

4-problemi-vo-odnesuvanjeto-na-deteto-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-03.jpg

M. М.| Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да му помогнете на детето да се навикне да спие само во детската соба? Кога ќе стигнат до одредена возраст, препорачливо е децата да почнат да спијат с...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Психолошки грешки на родителите, заради кои децата стануваат „нарциси“, низ илустрации Дали родителите се виновни што некои деца прераснуваат во нарцисоидни личности? ...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Водич за родители: Корисни совети за воспитување деца на различна возраст На која било возраст, избегнувајте ги строгите и нереалистични казни бидејќи оби...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg