Не си ти виновна што не можеш да забремениш!

Еднаш многу одамна, веројатно се обидувавте да ја избегнете бременоста по секоја цена. И со право - секој период од животот носи свои приоритети, но кога првото место на листата ќе го преземе бебето кое толку го посакувате, нештата се менуваат на чуден начин.

Ne si ti vinovna sto ne mozes da zabremenis 01

За многу парови реалноста е болна; постојано се трудат, но трудот не дава никакви резултати. Според последните истражувања 1 од 6 парови се соочува со неплодност, а оваа бројка се очекува да порасне во блиска иднина.

Жените многу често се обвинуваат себеси за неплодноста, но тоа ни малку не е нивна вина. Честопати го слушаме објаснувањето дека плодноста се намалува со годините, а денешните жени го одложуваат раѓањето дете.

Вистина е дека квалитетот и квантитетот на јајце клетките се намалува во подоцнежни години, но тоа е само дел од една комплексна сложувалка.

Ако сте жена, не избрзувајте со заклучокот дека вашето тело ве изневерува - постојат многу фактори како квалитетот на спермата, возраста, квалитетот на јајце клетката, хормоналниот дисбаланс, па дури и животниот стил кои се многу поголема грижа отколку во времето на вашите родители.

Голем дел од овие фактори не се под ваша контрола, но знаејќи дека овие аспекти влијаат на вашата плодност ќе ви помогне да се ослободите од товарот што го носите.

Квалитетот и квантитетот на спермата драстично опаѓа

Во една третина од случаите, машката неплодност е коренот на проблемот. Всушност, тоа е главната причина поради која многу парови не може да имаат второ дете - мажите живеат во илузија дека сè е во ред со нив ако еднаш успеале да ја забременат својата партнерка.

Но, репродуктивниот статус не е статичен. Тој се менува во согласност со животните навики, стресот и исхраната. Дополнително, бројот на сперматозоиди кај еден маж денес е многу понизок од порано.

Верувале или не, според критериумите кои важеле пред само две генерации, сите денешни мажи се сметаат за неплодни. Ова станува сериозен проблем - во 1940 година просечниот маж имал 113 милиони сперматозоиди во милилитар сперма; во 1990 тој број се намалил на 66 милиони (пад од цели 45%), за денес тој да изнесува само 20 милиони.

Причина за овој пад, како што велат експертите, се токсините присутни во нашат околина, дебелината и слабата физичка активност.

Константно сме уморни и под стрес

Не постои ни најмал сомнеж дека човекот никогаш не живеел постресно од денес. Тоа си носи свои последици, а меѓу нив е и неплодноста. Кога вашето тело е под стрес, вие всушност имате понизок прогестерон; стресот е одговорен за лачење на кортизол, кому телото му дава предност пред половите хормони.

Хроничниот стрес исто така е причина за појава на проблеми со тироидната жлезда, што директно влијае на плодноста.

Што се однесува на недостатокот на сон, изложеноста на сино светло од вашите мобилни, таблети, телевизори и компјутери во вечерните часови комплетно го нарушува природниот процес на темно - светло, процес кој може да ја одложи, па дури и да ја прекине овулацијата.

Ne si ti vinovna sto ne mozes da zabremenis 02

Изложени сме на повеќе токсини од кога било

И ова е проблем кој не постоел пред неколку генерации. Изложеноста на токсини во воздухот, почвата, храната и водата може да предвизвика различни хронични болести, а не е исклучена и неплодноста. Автоимуните заболувања се во пораст, а со тоа и неуспешните обиди за забременување.

Бидејќи спектарот на токсини на кои секојдневно сме изложени е огромен, или поточно бескраен, тешко е да се востанови што е тоа што предизвикува неплодност.

Средства за чистење, хербициди и разни други хемикалии докажано предизвикуваат промени во менструалниот циклус, го зголемуваат ризикот од ендометриоза и го намалуваат бројот на сперматозоиди кај мажите.

Ne si ti vinovna sto ne mozes da zabremenis 03

Физичката активност е сведена на минимум

Нашиот „модерен“ начин на живот и работа го ограничуваат нашето природно движење, а најголема жртва повторно е плодноста. Дебелината полека станува епидемија, а жените со прекумерна тежина имаат повеќе естроген како резултат на масното ткиво, што доведува до нередовен менструален циклус.

Не постои начин да се заштитите од таканаречените „придобивки“ од модерниот свет. Да, во многу сфери животот ни е олеснет, но дали цената што ја плаќаме е превисока?

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Илустрации што покажуваат дека животот со тинејџери не е песна (и дека животот со нив носи главоболк... Се сеќавате ли сѐ уште на времето кога бевте тинејџери? Помните ли како ви беше ...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
„Го најдов тајниот дневник на баба ми по нејзината смрт, ме расплакаа работите што ги напишала за ме... „Од денес јас и ти имаме тајна. Сосема сама направи шест чекори. Не можеме да им...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Кој може, а кој не може да биде кум и како се раскинува старо кумство? Кумот треба да биде верник и самиот да биде крстен, да ги почитува моралните вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg