Како да останете свои во хаосот што доаѓа со мајчинството и да не заборавите на себе?

Кога мајките мислат на грижа, ретко мислат на себе. Всушност, според истражувањето на HealthyWomen и Working Mother, 78 проценти од жените рекле дека честопати ја занемаруваат грижата за себе, бидејќи се премногу зафатени грижејќи се за своето семејство.

kako-da-ostanete-svoi-vo-haosot-shto-doagja-so-majchinstvoto-i-da-ne-zaboravite-na-sebe-01.jpg

Факт е дека треба да почнеме да размислуваме за грижата за мајките како составен и суштински дел од грижата за децата. Зошто? Затоа што во целодневниот хаос на менување пелени, пеглање, перење, повторно менување пелени, еден оброк, друг, трет додека не го погодите вистинскиот, потребни ви се само неколку минути оддишка за да се потсетите дека постоите како за бебето, така и за себе.  

Па, како да успеете да се справите со целиот тој хаос и да се посветите на себеси?

Бидете свесни за вашите чувства

Првото нешто што мајките треба да го направат е да ги проверат сопствените потреби. Во услови на хаос во секојдневниот живот, излегувањето од дома изгледа како невозможна мисија, но со поставување трајни практики тие ќе ја разберат директната врска помеѓу грижата за себе и менталното и физичкото здравје.

kako-da-ostanete-svoi-vo-haosot-shto-doagja-so-majchinstvoto-i-da-ne-zaboravite-na-sebe-03.jpg

Пронајдете си хоби

Тоа нè потсетува дека сме повеќе од мајки - всушност, сме мултидимензионални, сложени единки. Хобито може да биде можност да се вклучите во одредена друштвена група, да запознаете нови луѓе, да направите нешто надвор од грижата за децата.

Да се има хоби не е себичен чин - тоа е составен дел од доброто здравје. Мајчинството вклучува многу жртви, но зачувувањето на времето за себе, колку и да е кратко, е од клучно значење за вашето целокупно здравје.

kako-da-ostanete-svoi-vo-haosot-shto-doagja-so-majchinstvoto-i-da-ne-zaboravite-na-sebe-002.jpg

Побарајте помош, помала или поголема

Барањето помош е вештина која бара пракса, и колку почесто го правите тоа, толку полесно ќе ви станува. Почнете со едноставно барање - замолете го детето да ви помогне и да ја намести масата, или кажете му на партнерот да ги здипли алишата; ова се едноставни, но ефикасни начини да зграбите момент за себе.

Мајките треба да научат да се чувствуваат удобно да побараат помош и во врска со проблемите кои се јавуваат со родителството. Тоа не е знак на слабост, а и ќе ви го направи многу полесен животот како родител.

kako-da-ostanete-svoi-vo-haosot-shto-doagja-so-majchinstvoto-i-da-ne-zaboravite-na-sebe-04.jpg

Сакајте се себеси со сите свои грешки

Понекогаш, најрадикалниот чин на грижа за себе е чинот на простување. Постои голем притисок да се биде идеална, безгрешна мајка, онаа која никогаш не доцни и секогаш го кажува вистинското нешто.

Дозволете си да го отфрлите тој стандард бидејќи е тотално нереален и непотребен. Нашите деца не очекуваат од нас да бидеме совршени. Тие само сакаат да сме присутни.

Kako da ostanete svoi vo haosot sto go nosi majcinstvoto 03

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg