6 знаци дека вашата сестра ви е најдобрa пријателка

Дали постои нешто подобро од сестра? Нашите сестри нè прават посреќни, понезависни и пооптимистични. Тие ни помагаат да ги разбереме нашите емоции и секогаш ни се најголема поддршка.

6-znaci-deka-vasata-sestra-vi-e-najdobra-prijatelka-01.jpg

Иако имаме многу пријатели, само една личност ја заслужува титулата на најдобриот пријател, а тоа е, секако, нашата сестра.

Ова се неколку знаци дека вашата сестра ви е најдобриот пријател.

1. Секогаш кога ќе се случи нешто, таа дознава прва

Не е важно дали е добра вест (добив работа!), лоша вест (не можам да поверувам дека ме остави заради неа!) или нешто неважно (ги купив кондурите), сестрата секогаш прва ќе дознае што ви се случува во животот.

2. Секогаш ја фалите пред пријателите

Всушност, подобро е да се каже дека зборувате за неа со секого. Тоа не ви пречи дури ни кога луѓето „умираат од здодевност“. Сакате сите да знаат колку е вашата сестра кул.

3. Единствено од неа очекувате искреност

Сите други луѓе ќе ви ласкаат, но таа секогаш ќе биде сурово искрена со вас, секако, за ваше добро. Ова понекогаш може да иритира, но тоа ќе ви помогне да станете подобра личност.

7 znaci deka vasata sestra vi e najdobriot prijatel 02

4. Таа ги знае сите ваши најмрачни тајни

Сите работи што не можете да ги замислите да им ги кажете на другите ѝ ги кажувте неа.

5. Секогаш се забавувате заедно

Сè додека сте заедно, без разлика што правите, секогаш се забавувате. Ресторан? Кино? Разговор? Сосема е неважно додека сте заедно.

7 znaci deka vasata sestra vi e najdobriot prijatel 03

6. Расправиите ви се страшни…но, завршуваат за неколку минути

Парадоксално, најлесно е да се расправаме со луѓето кои ни се најблиски. Во еден момент ќе викате на својата сестра, а веќе следниот ќе се прегрнувате и ќе си кажувате колку се сакате.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
Како да го намалите времето поминато пред екран кај вашите деца? Лето-зима, приказната е иста, си доаѓате дома, а вашето дете уште не влезено дом...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
Мајка стана вирален хит со воспитувањето на синовите – ги учи да чистат и да ги делат обврските со и... „Кога добив синови, сакав да бидам сигурна дека ќе имаат почит кон девојчињата“ ...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg