Како самите да направите кинетички песок?

„Направи сам“ експериментите се лесен и евтин начин да го поттикнете учењето, а истовремено и да се забавувате.

kako-samite-da-napravite-kinetichki-pesok-01.jpg

Веројатно веќе сте слушнале за кинетички песок. Повеќето го гледаат песокот во природна состојба како тежок за наоѓање. Ако ги немате правилните алатки и многу вода, тој буквално ќе се разлета кај што ќе го однесе ветрот.

За среќа, потребни ви се само неколку едноставни состојки за да го претворите песокот во возбудлива нова играчка.

Што е кинетички песок?

Кинетичкиот песок е воглавно обичен, или песок за играње (околу 98%) измешан со полимер – долг синџир на молекули кои му го даваат својството на растегнување на песокот.

Бидејќи изгледа како многу густа течност и секогаш се враќа во природната состојба, на луѓето им е навистина забавно да си играат со него.

За разлика од обичниот, кинетичкиот песок не се суши и не се лепи за ништо, па е совршен за играње во домот.

Кинетички песок е забавен и за децата и за возрасните. Децата можат да го користат како алатка за учење за да сфатат како силата влијае врз движењето, како гравитацијата влијае врз песокот и други основни концепти.

Децата со тешкотии при учењето и други посебни потреби имаат голема корист од кинетичкиот песок бидејќи им помага да ја зголемат нивната сензорна свесност.

На возрасните им се допаѓа смирувачкиот ефект на кинетичкиот песок. Играњето со него може да помогне во регулирањето на емоциите.

kako-samite-da-napravite-kinetichki-pesok-5.jpg

Основен кинетички песок

Овој рецепт е создаден за смирувачки активности за деца со посебни потреби. Во песокот можете да додадете и неколку капки есенцијално масло за дополнителен релаксирачки ефект.

Потребни материјали:

  • Околу 4,5 килограми песок за играње
  • 130 грама пченкарен скроб
  • 2,5 милилитри средство за миење садови
  • 1 шолја (од околу 230ml) вода
  • 1 голем и еден среден сад за мешање
  • Сад со капак за складирање

Начин на подготовка:

Ставете го песокот во големиот сад. Додајте го пченкарниот скроб и измешајте ја смесата.

Во другиот, среден сад, измешајте ги средството за садови и водата. Додајте ја смесата со средството во песокот и добро измешајте.

Доколу не можете да најдете посебен песок за играње, можете да употребувате и обичен од игралиште, или доколку сте во можност, од плажа. Важно е само песокот да биде сув пред да почнете со припремата.

kako-samite-da-napravite-kinetichki-pesok-3.jpg

„Слајм“ од кинетички песок

Доколу сакате дополнителна забава, можете да направите комбинација од кинетички песок и познатата играчка „слајм“.

Потребни материјали:

  • 1 шолја (од околу 230ml) песок
  • 1 лажица пченкарен скроб
  • 1 лажица средство за садови
  • 1 шишенце (118-140ml) училишно лепило кое лесно се мие (бело лепило)
  • Неколку капки боја за храна
  • 3 лажици раствор за контактни леќи
  • Стаклен сад со средна големина
  • Сад со капак за складирање

Начин на подготовка:

Измешајте ги пченкарниот скроб и средството за садови во стаклениот сад. Додајте ги лепакот и бојата за храна и добро измешајте.

Додавајте го растворот за леќи 1 по 1 лажица, сè додека смесата не стане тешка за мешање и повеќе не е леплива. Доколку има потреба, додајте уште малку од растворот.

Мешајте ја смесата додека не направите топка што е малку влажна, но не се лепи на дланките.

Складирање

Кинетичкиот песок секогаш треба да се чува во затворен сад за да не се извалка. Иако не се суши, може да се промени неговата структура.

Доколу се случи ова, додајте неколку капки вода и добро промешајте. По некое време, песокот ќе почне да мириса лошо и тогаш ќе треба да го фрлите.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку вода треба да пиете додека доите за да спречите дехидрирање? Колку вода треба да пиеме додека доиме? Дали сме испиле премногу или премалку те...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
„Одам на работа, се грижам за децата, чистам, а сопругот не прави ништо – решив да се разведам“ „Работам со полно работно време и јас правам сè. Јас готвам, јас го чистам тоале...
Игра за креативен развој на децата: Како да им направите сенки со рацете? Како да направите зајак? Или куче? Со овие туторијали лесно ќе научите како да н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg